Тушемишта
село во Поградец, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тушемишта — село во Поградец, Област Горица, во југоисточниот дел на Албанија.[1] Сместено е на јужниот брег на Охридското Езеро, недалеку од границата со Македонија и манастирот „Св. Наум“.
До 2015 година, селото било дел од Општина Старово, кога била направена управна реформа и селото влегло во зголемената Општина Поградец.[2]
Крај селото се наоѓа изворишниот парк на реката Волорека, на албански позната и како Дриљон или Дрилон.
Селото е познато по снимањето на филмот „Дамата од градот“ (Zonja nga qyteti).
Remove ads
Историја
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во XIX век, Тушеништа било албанско христијанско село во Старовската Каза.[3]
Според Божидар Видоески во Тушемишта живее македонско население.[4]
Знаменитости

- Црква „Св. Пантелејмон“ со ранохристијански мозаик прогласен за споменик на културата
- Парк „Волорека“ на извориштето на истоимената утока на езерото, прогласен за споменик на природата
Личности
- Ѓерѓ Пекмези (1872 – 1938) — јазичар
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads