Улански Остров
речен остров во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Улански Остров — речен остров во Вардар кај селото Уланци, во средишниот дел на Македонија. Островот е најголем од групата на Уланските Острови. Тој е еден од десетте средореци (површина над 1 хектар) во Вардар и е втор најголем речен остров (средорек) во Македонија.[1]
Remove ads
Опис
Островот настанал со пресекување на меандра на Вардар, така што реката создала ракавец од којшто се образувал остров. Должината на островот изнесува 490 м, а неговата широчина е 140 м, така што зафаќа површина од околу 4,8 ха. Од бреговите е оддалечен 10-25 м. Вегетацијата на островот се состои од трева и дрвја. Посетуван е од месното население главно во летниот период.[2][3]
Галерија
- Делови од потопениот Улански Остров при висок водостој на Вардар
- Островот со селото Уланци на брегот
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads