Унгарска хроника

From Wikipedia, the free encyclopedia

Унгарска хроника
Remove ads

Дело на Унгарците (латински: Gesta Hungarorum) е хроника за раната историја на Унгарците, напишана од страната на авторот како Magister P, кој е во литературата познат и како Анонимен. Тоа што се знае за него е тоа што го напишал: „Верен слуга на кралот Бела“. Ова не дава доволно податоци за авторот, бидејќи имал можност да служи на неколкумина кралеви под името Бела. „Унгарската хроника“ е напишана околу 1200 година, а содржината е мешавина на традиционалното усно предание и на старите писмени извори и хроники.

Thumb
Првата страница на ракописот.
Remove ads

Настанок

Хроника е напишана како литературна работа заснована на слични работи на западноевропските хроники, кои тогаш биле во мода.

Содржина

Thumb
Споменик на Анонимниот во замокот Вајдахуњад.

Во „Хрониката” се опишани сите важни личности од тоа време, а нивните врски со владеачките династии на Кралството Унгарија, како и на припадниците на владатачката династија Арпадовци со своите сојузници. Исто така е опишана улогата на Арпад, а во населението Унгарци на денешните простори на Карпатите во Панонската Низина во 10 век.

„Унгарската хроника“ е мешавина од потврдени историски факти и од информации кои не можат да се потврдат со други извори. Наводите од некои дела на оваа хроника се контрадикторни со информациите кои не можат да се најдат во германските хроники, а според некои мислења поединечни имиња кои се споменуваат во делото произлегле од називи на локалните топоними. Меѓутоа голем дел од содржината има директна врска со поранешните извори или го спомнуваат населувањето на Унгарците на просторот на Карпатскиот басен.

Thumb
Мапа на Средна Европа пред доаѓањето на Унгарците според Унгарската хроника. Мапата ја изработил унгарскиот историчар, Шандор Марки.
Thumb
Војводствата на Салан и Глада во Бачка и Банат, според толкувањето на Унгарската хроника

Главното спорно прашање на хрониката е спомнувањето на одредените локални владетели, како:

  1. владетелот на Власите и Словените, Гело,
  2. владетелот на Видин и Банат, Глад,
  3. владетелот на област од реката Тиса кон Трансилванија, Менуморут.

Постоењето на овие владетели е оспорено од страната на некои историчари од Унгарија и Словачка, додека спротивно на тоа, другите историчари (романски, унгарски и српски) ја поддржале веродостојноста на овие тврдења на Ѕнгарската хроника. Фактот кој најмногу влијаел врз испитувањето на веродостојноста на оваа хроника е дека наводно Куманите биле староседелци на Трансилванија, а тие според прифатените историски податоци дошле до овие простори 150 години после Унгарците. Според некои мислења, Анонимус тогашните Печењези ги нарекол Кумани, бидејќи говореле сличен јазик и живееле на иста територија.

Remove ads

Автор

Хипотезите за идентитетот на мистериозниот Магистер П. ги вклучува тврдењата дека овој автор можел да биде:

* Бележник и советник на унгарскиот крал Бела III (1172—1196) – денеска оваа гледиште општо е прифатено.

Литература

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads