Услови на размената
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Условите на размената (англиски: Terms of trade) го покажува количеството на увозни производи што една земја го добива за единица од своите извозни производи. Условите на размената се искажуваат како индексни броеви кои се добиваат како однос меѓу индексите на извозните и увозните цени:[1]
Услови на размената = Индекс на извозните цени⁄Индекс на увозните цени
Притоа, ако цените на извозните производи на земјата се намалуваат или ако растат цените на увозните производи, тогаш велиме дека условите на размената се влошуваат, зашто земјата ќе треба да даде повеќе свои производи за да добие еден увозен производ. Со други зборови, ако горниот индекс се зголемува, тоа означува подобрување на условите на размената.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads