Уџае
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Уџае (маршалски: Ujae или Wūjae[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 15 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и тој претставува една од општините во државата. Уџае има вкупна површина од околу 1.86 км2 и лагуна од 185.94 км2. Атолот е оддалечен од Кваџалејн 122 км. Според податоците од 1998 година атолот имал население од 448 жители. Атолот има надморска височина од 3 метри.
Remove ads
Историја
Во 1884 година атолот бил под германска контрола и дел од Германска Нова Гвинеја. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads