Џепчиште
село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Џепчиште (албански: Xhepçishti) — село во Општина Тетово, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово и седиште на поранешната истоимена општина. Поради својата големина и бројот на жители, Џепчиште е приградска населба на градот Тетово.

Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во северниот дел на Полошката Котлина, северозападна Македонија и е приградска населба на Тетово. Сместена е недалеку во северен правец од градот Тетово, на оддаелеченост од четири километри. Селото е рамничарско, на надморска височина од 480 метри. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 342 ха, па затоа селото, во однос на земјоделието, има полјоделска функција.[2] Се наоѓа на патниот правец кој води до границата со Косово.
Remove ads
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 60 семејства, 2 неженети и 6 вдовици, сите христијани.[3]
На крајот на XIX век, селото било дел од Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, во Џепиште живееле 465 жители, од кои 80 Македонци и 385 Албанци.[4]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци и 100 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, Џепчиште има 4.051 жител и оттогаш претставува голема населба. Населението се состои од 3.934 Албанци, од кои 2.006 се од машки и 1.928 од женски пол, потоа 81 Македонец, 1 Влав и 35 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.338 жители, од кои 33 Македонци, 3.198 Албанци, 1 Турчин, 1 Влав, 2 останати и 103 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Родови
Како најстар албански род во селото Џепчиште се споменува родот Скурај (61 куќа). Потекнува од Љума (во северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[8]
Џепчиште е мешано македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се:
- Македонски:
- Калановци или Стамевци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (две семејства).
- Клинчарој или Илиној (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Коруновци (8 к.), староседелци.
- Лизгар (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Теарце;
- Волчеј или Мачугој (7 к.) доселени се од Раотинце, се доселил предокот Китан.
- Албански:
- Ќуповци (32 к.) и Кучуговци (28 к.) најстари албански родови, доселени се во втората половина на XVIII век, по потекло се од областа Матија во Албанија;
- Чип (25 к.) родот го основал Адем кој се доселил од Малесија во северна Албанија;
- Скуровци (61 к.) доселени се од Љума во северна Албанија, дојдени се во втората половина на XVIII век;
- Асаној (4 к.), Љуганџини (36 к.) и Лике или Ликовци (8 к.) доселени се од северна Албанија.[9]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2003, 2004, 2004/1, 2005 и 2006 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.892 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
- Цркви

Редовни настани
Личности
- Џеладин Мурати (р. 15 февруари 1942) - македонски педагог, унив. професор и пратеник во Собранието на Македонија
- Мухамед Халили (р. 21 февруари 1951) - македонски политичар и еден од главните водачи на ПДП.
- Шефки Идризи (р. 1959) - македонски стопанственик и стопанственик[13]
- Изет Зеќири (р. 2 јануари 1942) - доктор по економски науки и пратеник во Собранието на Македонија
- Рене Реџепи (р. 1977) — дански готвач со повеќекратна титула „најдобар готвач на светот“
- Бошко Добревски (19.10 .1950) - стопанственик од Бразил;
Remove ads
Култура и спорт
- ФК Ренова е фудбалски клуб од село Џепчиште, кој моментално настапува во првата македонска фудбалска лига.
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads