Фелдкирх

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фелдкирх
Remove ads

Фелдкирх (германски: Feldkirch) — град во покраината Предарлска, Австрија на границата со Швајцарија и Лихтенштајн. Градот е администартивен центар на округот Фелдкирх. По Дорнибирн, тој е втор најголем град во Предарлска во поглед на бројот на жители, пред главниот град Брегенц, кој има нешто помал број на население. Најзападната точка во Австрија се наоѓа во Фелдкирх на реката Рајна, на тромеѓата помеѓу Австрија, Швајцарија и Лихтентајн.

Кратки факти Фелдкирх, Држава ...
Remove ads

Историја

Прекрасниот средновековен град, кој останува добро зачуван до ден денес, првпат бил спомнат како град во 1218 година, откако грофот Гуго фон Монфорт го изградил Шатенбург, замок кој сѐ уште претставува голем обележје на Фелдкирх. Друга знаменитост во градот е катедралата „Св. Никола“ од доцниот готски период. Фелдкирх бил родно место на Георг Јоаким Ретик, и моментално е седиште на епархијата Фелдкирх. Од 1651–1773 и од 1856–1979, во градот функционирало усусовото училиште „Стела Матутина“.

Во март 1799 година во градот се одвиле два судира помеѓу силите на првата француска република и Хабсбуршката Монархија. На 7 март, Никола Удино со 9,000 француски војници го поразил Фридрих Хоце кој имал 6,000 австријци. Битката кај Фелдкирх се случила на 23 март, кога Андре Масена и 12,000 французи биле победени од Фрањо Јелачиќ и 5,500 австријци.[1]

Remove ads

Единици на градот

  • Фелдкирх (3199 жители)
  • Левис (2372 жители)
  • Алтенштадт (4889 жители)
  • Гисинген (8622 жители)
  • Нофелс (3808 жители)
  • Тостерс (5397 жители)
  • Тисис (4958 жители)

Движење на население

Сообраќај

Фелдкирх има сопствена градска автобуска мрежа од 1993 година, која се состои од 8 линии вклучувајќи ги автобусите кои се движат северно кон соседен Лихтенштајн. Автобуската мрежа е во склоп на автобуската мрежа на Предарлска која нуди неколку регионални линии кои започнуваат и завршуваат во Фелдкирх. Исто така постои и таканаречена „ноќна линија“ која поврзува различни градови и дискотеки низ целиот град.

Железничката станица во Фелдкирх се наоѓа на главната железничка линија која минува низ Предарлска.

Remove ads

Клима

Повеќе информации Климатски податоци за Фелдкирх, Месец ...
Remove ads

Збратимени градови

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads