Окрузи во Австрија
второстепена управна единица на Австрија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Округот (германски: Bezirk) е второстепана управна единица во Австрија. Секој округ има своја окружна управа (Bezirksverwaltungsbehörde) задолжена за сите работи помеѓу граѓанинот и државата кои ја надминуваат надлежноста на општината како венчаници, возачки дозволи, пасоши, дозволи за собирање, ловечки дозволи, побарувања од здравствени служби итн.
Уставот на државата разликува два вида окружни управи:
- окружни одбори (Bezirkshauptmannschaften) — окружни управи како самостојни служби;
- статутарни градови (Städte mit eigenem Statut или Statutarstädte) — градови ополномоштени да делуваат како окрузи покрај нивната општинска улога; подолу означени со ѕвездичка (*).
Во 2020 г. во земјата имало 94 окрузи, од кои 79 под управа на окружни одбори и 15 статутарни градови.
Многу од окрузите ги опфаќаат имаат граници кои се совпаѓаат со оние на судските окрузи, кои ги има вкупно 115 (2022).[б 1]
Статутарните градови обично не се нарекуваат „окрузи“ вон државните изданија и правната литература. Постои навика вистинските окрузи под управа на одбори да се нарекуваат „селски окрузи“ (Landbezirke), иако ова нема правно значење бидејќи многу од нив немаат изразито селски карактер.
Remove ads
Список на окрузи
Наставката „-Околина“ (-Land и -Umgebung) не претставува дел од службениот назив на округот. Се применува на обичајна основа за да се избегнат забуни кога еден селски округ дели исто име со статутарен град. Долна Австрија не го дозволува ова. Статутарните градови кои носат исто име како околинските окрузи се нивни седишта, иако не припаѓаат на нив.
Remove ads
Белешки
- Вклучувајќи го окружниот стопански суд во Виена
- Руст ја дели ознаката E со Ајзенштат.
SW
е за градот Швехат (Schwechat), аBL
за остатокот од округот.- Лилиенфелд е основан во 1868, распуштен во 1890 и возобновен во 1897 г. Од 1933 до 1938 г. бил подружница на Санкт Пелтен, а од 1938 до 1945 бил округ во Третиот Рајх. Од 1945 до 1952 г. бил повторно подружница на Санкт Пелтен. Во 1953 г. му е вратен статусот на самостоен округ.
KG
е за градот Клостернојбург Klosterneuburg), аTU
за остатокот од округот.LE
е за градот Леобен, аLN
за остатокот од округот.GB
е за подокругот (подружницата) Гребминг, аLI
е за остатокот.
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
![]() |
„Окрузи во Австрија“ на Ризницата ? |
- Окрузи — „Места во Автрија“ (германски)
- Округ, политички — „Политички лексикон“ (германски)
- Политички окрузи — Статистика Австрија (германски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads