Феликс Менделсон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јакоб Лудвиг Феликс Менделсон Бартолди (германски: Jakob Ludwig Felix Mendelssohn Bartholdy; 3 февруари 1809 - 4 ноември 1847 ) — германски композитор, пијанист и диригент од времето на романтизмот.[1] Тој е истакнат претставник на роматизмот, но во неговото дело сепак е нагласено чувството за класична форма. Менделсон има голема заслуга за запознавањето и оживувањето на делото на Јохан Себастијан Бах. Со успех творел во сите подрачја на музичкото творештво, освен во операта. Меѓу неговите најдобри музички дела спаѓаат „Виолински концерт во е-мол“ и увертирата на „Сонот на летната ноќ“.
Remove ads
Биографија

Менделсон е роден е 1809 во град-државата Хамбург[n 1] во истата куќа каде што, една година подоцна, ќе се роди посветениот и првиот изведувач на неговиот концерт за виолина, Фердинанд Давид[2] во богатото еврејско семејство[3] на прочуениот филозоф Мозес Менделсон. За разлика од некои композитори, тој не морал да се бори со родителите за своето главно занимање бидејќи родителите на Менделсон се грижеле за неговиот музички развој кога го виделе неговиот талент. По преселувањето во Берлин,[4] тој учел кај прочуени педагози, кај пијанистот Бергер, композиторот Целтер, а слушал насава и на филозофски факултет. Тој бил во директна врска со многу истакнати личности, претставници на уметноста и науката кои биле чести гости во домот на Менделсон.
Remove ads
Кариера
Неговиот композиторски талент созреал рано. На 16-годишна возраст, Менделсон го напишал својот Oктет, дело кое се сметало за „почеток на неговата зрелост како композитор.[5] На свои 17 години ја напишал предиграта на „Сонот на летната ноќ“ според драмата на Шекспир, а година подоцна и единствената опера „Свадбата на Гамачо“. Веќе во млади години, Менделсон стекнал голема љубов и почитување кон делата на Бах. Проучувајќи ги делата на Бах, Менделсон ја увидел сета негова величина и значење кои биле директна причина да предизвикат епохален потфат кај него, после изведбата на Баховата „Пасија по Матеја“ да биде повторно изведена во Берлин под диригентство на Менделсон. Тој датум претставува почеток на Баховта ренесанса со кое името Бах повторно станало врвна култура оставена на човештвото. Истата година Менделсон заминал во Лондон каде доживеал успех како диригент на некои свои творби. После престојот во Шкотска ја создал прочуената Шкотска симфонија, а потоа заминал во Италија и Франција. Во Италија се запознал со Хектор Берлиоз, а средоземното поднебје го инспирирал да ја напише прочуената Италијанска симфорнија.
Во 1835 гоодина Менделсон заминал во Лајпциг каде го добил местото на градски диригент во местото Гевант Хаус. Тој го издигнал музички Лајпциг на врвно ниво, а во 1843 година го основал и Лајпцишкиот конзерваториум како прва установа од овој вид во Германија.[n 2]
Кога Фридрих Вилхелм IV дошол на прускиот престол во 1840 година со амбиции да го развие Берлин како културен центар (вклучувајќи го и формирањето музичко училиште и реформата на музиката за црквата), очигледниот избор да ги предводи овие реформи бил Менделсон. Тој не сакал да ја преземе задачата, особено во светлината на неговата постоечка силна позиција во Лајпциг.[9] Менделсон сепак поминал извесно време во Берлин, пишувајќи црковна музика како што е „ „Die Deutsche Liturgie“, и, на барање на кралот, музика за продукции на Софокле „Антигона“ (1841 г.)[n 3] Но, средствата за училиштето никогаш не се оствариле, а многу од ветувањата на дворот до Менделсон во врска со финансиите, титулата и програмирањето на концертите биле прекршени. Затоа тој не бил незадоволен што имал изговор да се врати во Лајпциг.[11]
Во меѓувреме неговото здравје започнало да се нарушува, а непрекинатата работа целосно го исцрпило неговиот организам. Смртта на неговата сестра и татко го забрзал неговиот крај. Феликс Менделсон починал во 1847 година на 39 години.
Како композитор, Менделсон е изразит лиричар и романтичната црта го поврзува во голема мера со Шуман. Сепак Менделсон се одликува со сопствни поединечни односи, посебно во планот на мелодиката и односот на музичката форма. Кај него интелектот секогаш бил регулатор на музичката содржина која се движела во границите на прегледноста и формалната унапредност. Поради тоа не треба да не чудат зборовите на Менделсон за Хектор Берлиоз дека после прелистувањето на партитурите на Берлиоз, треба секогаш да се измијат рацете. Во разузданиот романтичарски период на Берлиоз, Менделсон гледал само неугледост, недостаток за смисла на симетрија, јаснотија и елеганција. Како и сите романтичари и Менделсон многу му посветил внимание на пијаното и дал огромно значење за него. И кај него минијатурите за пијано имаат значајна улога, а посебно 8-те книги т.н „Песни без зборови“ (48 клавирски минијатури). Неговата лирика целосно се искажува во овие програмски дела кои претставуваат своевидни слики оформени на оригинален начин.
Од виртуозните дела за пијано најзначајни се: „Сериозните варијации“ оп.54, „Рондо капричозо“ оп.14. А, на полето на концертната музика тоа се двата концерти за пијано и оркестар. Сепак на планот на концертната музика најповеќе се издвојува генијалниот концерт за виолина и оркестар оп.64, еден од најуспешните дела. Во ова дело се здружени големата мелодиска инвенција, довршеноста на темата и големиот степен на виртуозитет. Од оркестарски дела најзначајни се увертирите и симфониите. Од увертирите: „Хебриди“, „Сон на летната ноќ“ а од симфониите се III во a-мол Шкотска симфонија и IV A-dur „Италијанска симфонија“.
Менделсон се искажал во голема мера и на планот на вокалистички музичар. Пишувал соло песни, помали вокални ансамбли и хорска музика. Најуспешните дела во вокалниот род Менделсон ги дал на планот на ораториумот, форма коа привлекла бројни романтичарски композитори. Интересен е фактот дека слично како и Хендл и Хајдн и Менделсон ги пишувал ораториуми за Лондон и неговиот најпрочуен ораториум е Елијас, кој бил првпат билв изведен во 1846 година во Бирмингем под диригентство на авторот. И покрај влијанието од Бах - неговиот ораториум дал и сопствен придонес во развојот на оваа форма преку типичните за него лирски музички уфрлувања на либретата за ораториумот. Феликс Менделсон имал огромната улога во музичкиот живот на Германија и Европа од првата половина на XVIII век. Сите заслуги како композитир и диригент и творец на Баховата преродба како и основа на Лајпциговиот конзерваториумот му обезбедиле трајно место во музичката историја.
Remove ads
Забелешки
- Од 1806 година Хамбург бил независен град, Слободен царски град Хамбург; бил припоен кон Првото Француско Царство од Наполеон во 1810 година.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads