4 ноември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Ноември 2025 4 ноември — 308-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (309-и во престапна година). Остануваат 57 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1814 | Прогласен е норвешкиот устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку личен сојуз. |
| 1893 | (23 октомври по стариот календар) Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, формирана е Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери. |
| 1944 | Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот. |
| 2004 | САД ја признаа Република Македонија под уставното име. |
Родени:
| 1575 | Гвидо Рени — италијански сликар. |
| 1840 | Огист Роден — француски вајар. |
| 1905 | Драгутин Тадијановиќ — хрватски поет. |
| 1929 | Мира Бањац — српска и југословенска театарска и филмска глумица. |
| 1953 | Марина Туцаковиќ — српска авторка на текстови за песни. |
| 1956 | Џордан Рудес — клавијатурист на американската група Dream Theater. |
| 1959 | Дејан Цукиќ — српски и југословенски рок-пејач. |
| 1972 | Луис Фиго — португалски фудбалер. |
| 1975 | Едуард Кокшаров — руски ракометар. |
| 1978 | Горка Вердуго — шпански велосипедист. |
| 1992 | Карлос Верона — шпански велосипедист. |
| 1998 | Ашраф Хакими — марокански фудбалер. |
| 2001 | Максим Мухин — руски фудбалер. |
Починале:
| 1847 | Феликс Манделсон - Бартолди — германски композитор, пијанист и диригент. |
| 1994 | Сем Френсис — американски сликар. |
| 1994 | Фред Смит — американски рок-музичар. |
| 2004 | Владан Холец — српски и југословенски глумец. |
| 2024 | Оливера Николова — македоснка писателка. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads