Фердинанд Врангел

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фердинанд Врангел
Remove ads

Фердинанд (Фјодор) Петрович Врангел (руски: Фердина́нд Петрович Врангель; Псков, 9 јануари 1797Дорпат, 6 јуни 1870) бил барон, руски морепловец, поларен истражувач, адмирал, почесен член на Руската академија на науките во Санкт Петербург во (1855) и еден од основачите на Руското географско друштво.

Кратки факти Фердинанд Врангел, Роден(а) ...
Remove ads

Потекло

Фердинанд Врангел потекнува од германско благородно семејство од балтичката област. Тој бил син на артилериски мајор Петар Лудвиг Врангел (1760-1807) и неговата сопруга Доротеја Маргарит Барбара фон Фрајман (1768-1806). Неговиот дедо се доселил од Данска и бил коморник на дворот на Петар III и Катерина II, но паднал во немилост и побегнал од земјата. Тој учествувал на патот околу светот со бродот "Камчатка" 1817 - 1819, кој го предводел Василиј Головњин. Од 1820 до 1824 го истражува северниот крајбрежен појас на источниот Сибир, а од 1825 до 1827 води уште една руска експедиција околу светот. Од 1829 до 1835 бил гувернер на рускиот дел на Алјаска, а потоа министер за морнарица. Кога царската влада 1867 ја продала Алјаска на САД, силно протестираа.

По него го добил името Врангеловиот остров.[1]

Главен труд: „Патување по северните брегови на Сибир и по Леденото море 1820—1825“ (1841)

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads