Филозофија на религијата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Филозофија на религијата е една од поновите посебни (засебни) филозофски дисциплини. Нејзиното поле на истражување е на теренот на онтологијата, односно метафизиката. Меѓу првите позначајни дела од областа на филозофија на религијата е тротомната книга на германскиот филозоф Георг Вилхелм Фридрих Хегел Филозофија на религијата.

ред 1: Христијанство, Јудаизам, Хиндуизам
ред 2: Ислам, Будизам, Шинто
ред 3: Сикизам, Бахај, Џаинизам
Remove ads
Предметот на филозофијата на религијата
Вообичаено филозофијата на религијата се дефинира како филозофско толкување на религијата. Меѓутоа, од друга страна, некои сметаат дека ваквото нејзино дефинирање е тавтолошко, од една страна и дека, од друга, е во колизија со едно од основните правила на секое дефинирање - имено, дека дека она со кое нешто се дефинира (definiens) мора да биде појасно од она кое се дефинира (definiendum)[1]. Во случајов ова правило не е запазено, бидејќи и самите поими филозофија и религија не се доволно јасни.
Но, во секој случај, филозофијата на религијата како свој предмет ги има следните суштински проблеми: историјата на поимот Бог онака како што бил разгледуван во досегашната филозофија и теологија, можноста за неговото познание, докази за Божјото постоењe, како и прашањето за постоењето на злото, под претпоставка дека семоќниот, седобриот и сеумниот Бог го создал светот. Ако е така, тогаш се поставува прашањето од каде злото во светот? На тој начин, теодикејата станува едно од суштинските прашања на секоја филозофија на религијата.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads