Фирстенберг/Хафел

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фирстенберг/Хафелmap
Remove ads

Фирстенберг/Хафел или само Фирстенберг (германски: Fürstenberg) — град во округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Фирстенберг во рамките на округот Горен Хафел ...

До 1950, Фирстенберг бил дел од поранешното Големо Војводство Мекленбург-Штрелиц.

Remove ads

Географија

Thumb
Поток близу Торнов

Фирстенберг се наоѓа на реката Хафел, 21 километар јужно од Нојштрелиц и 75 километри северно од Берлин.

Градот се наоѓа во јужниот дел на Мекленбуршката Езерска Област и е опкружен од Реблинското, Баленското и Шветското Езеро. Реката Хафел се дели на неколку канали како тече низ градот, а на еден од нив има брана за пловните објекти. Првичната местоположба на градот била на остров помеѓу каналите.

Градски единици

Фирстенберг се состои од 9 градски единици:

  • Алтимен
  • Барсдорф
  • Блуменов
  • Бредерајхе
  • Химелпфорт
  • Штајнферде
  • Торнов
  • Цоцен
Remove ads

Нацистичка Германија

Во Фирстенберг се наоѓал концентрацискиот камп Равенсбрик, а на негово место сега се наоѓа споменик.

Советска воена база

Преземен од советската армија во 1945, по Втората светска војна тие основала база за Втората тенковска армија на Советските сили во Германија. Во почетокот на 1959, три години пред Кубанската криза, базата била опремена со 6 јадрени ракети R-5 Pobeda.[2] Слични ракети биле поставени во Фогелзанг и Личен.[3] По повлекувањето на ракетите во септември 1959, базата повторно станала седиште на тенковската армија.

По повторното основање на покраините во ГДР во 1990, Фирстенберг повторно припаднал на покраината Бранденбург, а од 1993 станал дел од новосоздадениот округ Горен Хафел. Руската армија ги напуштила нивните поранешни бази во Источна Германија во 1994.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads