Фиселхеведе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фиселхеведе (германски: Visselhövede; долногермански: Visselhöövd) — мал град во округот Ротенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на западниот раб од Линебуршкото Поле.
Remove ads
Географија
Местоположба
Фиселхеведе се наоѓа на надморска височина од 70 метри. Највисока точка во градското подрачје е Хеленберг во местото Дрегенбостел со 93,4 метри. Во парк во самиот град извира реката Фисел. Исто така, во градското подрачје се наоѓаат и изворите на Лерде, десна притока на Алер, Варнау и на Родаѕ, притока на Виме.
Градски единици
Фиселхеведе покрај самото градско јадро се состои од 14 места како Блекведел, Буххолц, Дресел, Дрегенбостел, Хидинген, Јединген, Кетенбург, Лидинген, Ниндорф, Отинген, Розебрух, Швичен, Вензен и Виторф.
Околу половина од населението живее во самото градско јадро, а другата половина во другите помали места во самото градско подрачје.
Соседни градови
Соседни градови и општини се: општината Кирхлинтелн во округот Ферден, општинската заедница Ботел во округот Ротенбург и општината Нојенкирхен во округот Хајде, како и градовите Золтау и Валсроде.
Remove ads
Политика
Градски совет
Градскиот совет се состои од 24 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 9.001 и 10.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Партија / Листа | Места |
CDU | 10 (− 1) |
SPD | 7 (− 2) |
Grüne | 3 (− 1) |
FDP | 1 (± 0) |
Ние во Фиселхеведе (WiV) | 3 (+ 2) |
Градоначалник
Градоначалник од 2014 година е Ралф Гебел (независен).
Remove ads
Галерија
- Градската црква „Св. Јован“
- Поранешна фабрика за мед и восок
- Градското собрание
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads