Флегија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Флегија бил син на богот на војната Арес и орхоменската принцеза Хриса, крал на Лапитите според грчката митологија.[1]

Ѓовани Страдано, 1587.
Митологија
Флегија владеел со краеви кои некогаш припаѓале на Етеокле, пред да загине во војната на седуммината против Теба, а ги наследил неговиот дедо Алмо.
Флегија го имал синот Иксион, кој бил татко на кентаурите и ќерка Коронида, која станала мајка на Асклепије.
Кога богот Аполон му ја завел ќерката, Флегија го запалил неговиот храм во Орхоман. Налутен поради тоа, Аполон го убил Флегија со стрела, а поради тоа богот Зевс го казнил со вечна казна во подземниот свет. Каква била казната не е познато, дури ни Пиндар, кој прв го опишал Флегија за таа казна не изнесува никакви детали.
Некои автори Флегија не го сметале за крал на Лапита, туку неговите поданици ги нарекувале Флегијевци, а под тоа име ги сретнуваме и кај Хомер. Паусиније ги опишува како разбојници кои Зевс ги истребил со помош на молњи, громови и земјотреси. Преживеаните настрадале од чума која на нив ја испратил богот Аполон.
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads