Аполон

грчки бог From Wikipedia, the free encyclopedia

Аполон
Remove ads

Аполон или Феб (старогрчки: Ἀπόλλων = „уништувач“ или „човек-јаболко“) во старогрчката митологија а подоцна и во римската бил еден од дванаесетте главни божества на Олимп, заштитник на земјата, пролетта, ловот, младината, музиката, поезијата, пророците, танцот, морето, светлоста и сонцето, предводник на музите. За неговото раѓање постојат повеќе варијанти, а најчестата е онаа според која се раскажува дека е син на Зевс и Лета (или Латона кај Римјаните), брат близнак на божицата Артемида[1] (кај Римјаните Дијана). Митот раскажува дека Аполон и Артемида биле плод од вонбрачната врска на Зевс и Лета и кога божицата Хера разбрала за тоа многу се налутила и, сакајќи да ѝ се одмазди на Лета, ѝ забранила да ги роди на било која земја, било тоа континент или остров. Очајна, Лета талкала сè додека не стигнала до островот Делос кој, согласно митот, не бил целосно прицврстен за почвата и така токму таму, Лета можела да го роди Аполон.[2] [3]

Thumb
Римска копија од оригиналот на Поликлет од 5 век п.н.е.
Thumb
Apollo sauroctonus, римска копија во Лувр
Thumb
Аполон со лира, еден од неговите симболи, претставен преку статуа од 1 век.
Thumb
Глава на Аполон, мермер, римска копија на оригинал од 4 век п.н.е.
Remove ads

Култот кон Аполон

Култот кон богот Аполон се негувал во бројни места во грчкиот и римскиот свет од кои најпознатото е секако Делфи. За разлика од другите божества кои имале соодветни еквиваленти во римската митологија, овој бог бил директно преземен од Старите Грци. Така на пример, за време на Втората пунска војна биле воведени олимписки игри во чест на богот Аполон, а култот бил засилен во времето на императорот Август кој, за да ја зацврсти власта, тврдел дека води потекло токму од Аполон.

Во етрурската митологија можно е да се најде некоја врска меѓу Аполон и етрурскиот бог на громовите, Аплу или Апуло. Сепак, сѐ уште не е сосем јасно дали Етрурците го презеле овој бог од старогрчката митологија.

Remove ads

Аполон како тема во уметноста

  • „Аполон и Марсија“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[4][5]
  • „Аполон во снегот“ - песна на рускиот поет Александар Кушнер.[6]

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads