Спанаќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Спанаќ (науч. Spinacia oleracea) — едногодишно растение, кое има изразено зелени нежни листови. Tој е еден од најмоќните пролетни зеленчуци. Може да се набави на сите зелени пазари, како и во добро снабдените маркети.
Remove ads
Потекло
Спанаќот бил познат уште на древните стари народи. Се смета дека во Европа бил донесен во 15 век од страна на Арапите. Во 17 век тој бил исклучително популарен се приготвувал и служел со шеќер.
Состав
Спанаќот е растение кое е многу богато со вода. Тоа има многу ниска калорична вредност, '2,2% белковини, 3,9% јаглехидрати и 0,5% масти'. Сепак акцентот треба да се стави на минералниот статус на спанаќот, да доминира по здравствената ефикасност пред сите други зеленчуци кои се одгледуваат во овој период од годината. Спанаќот содржи:
- Фолна киселина – 50% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин А - 60% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин Ц - 35% од дневно препорачаната доза по оброк
- Железо - 20% од дневно препорачаната доза по оброк
- Магнезиум - 20% од дневно препорачаната доза по оброк
- Рибофлавин - 15% од дневно препорачаната доза по оброк
- Калциум - 10% од дневно препорачаната доза по оброк
- Калиум - 15% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин Б6 - 15% од дневно препорачаната доза по оброк
- Витамин Е - 15% од дневно препорачаната доза по оброк
Remove ads
Корисноста на спанаќот

Спанаќот го подобрува работењето на срцето и функцијата на мускулите. Тој го потикнува функционирањето на панкреасот, а влијае врз намалување на крвниот притисок, со што го плеснува работењето на срцето и бубрезите. Спанаќот е вистински детоксикант за организмот го чисти токсините и ги буди сите забавени метаболички процеси. Спанаќот исто така влијае во јакнење на влакната на косата, јакнење на ноктите, а ја чува и одржува виталноста на кожата.
Спанаќот го чува здравјето на нервниот систем, но исто така го засилува и чува имуниот систем, благодарејќи на високите количества на витамини кои ги содржи. Огромната количина на фолна киселина јасно укажува дека спанаќот треба да биде конзумиран од страна на анемичните лица и бремените жени, спанаќот содржи и многу железо, па поради ова тој е делотворен без разлика за каква анемија се работи.
Сепак треба да се напомене дека спанаќот содржи оксална киселина која може да предизвика кристалчиња кои се таложат во бубрезите ако се внесува во големи количини, затоа спанаќот треба да го јадат помалку луѓето кои имаат проблеми со функцијата на бубрезите. За да се превенира оксалната киселина, треба добро да се отстранат дршките на листовите, а спанаќот доколку биде конзумиран со млеко, тогаш нема да постои оваа мала штетна особина. Оксалната киселина се врзува со калциумот од млекото и се излачува од организмот. Сепак, воопшто не треба да се грижите дека спанаќот може да им наштети на бубрезите, тој само се препорачува во помали количини кај бубрежно слабите лица.
На што треба да се внимава при конзумирање на спанаќ
Спанаќот се јаде веднаш по проготвувањето, еднаш подготвен спанаќ не смее повторно да се подгрева. Не користете многу вода додека го готвите спанаќот, за да го зачувате неговиот квалитетен нутритивен статус. Се препорачува да се фрли водата во која е варен спанаќот бидејќи е заситена со натриум.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads