Форе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Форе (шведски: Fårö) — мал остров во Балтичкото Море, северно од островот Готланд во југоисточниот дел на Шведска. Ова е втор остров по големина во покраината. Населението брои помалку од 600 жители, но местото сепак ужива популарност како летувалиште. На островот нема банки, пошти, здравствени установи и полиција. Има свој дијалект, кој се смета за најстариот јазик во Шведска.[2]
Remove ads
Географија

Островот е одделен од Готланд со проток, преку кој одат два траекта. Има вкупна површина од 111,35 км2, од кои 9,7 км2 се водни површини или мали островчиња.
На островите Форе и Готланд има карпести столбови наречени „рауци“ образувани од одрони во текот на Леденото доба. Вакви образби можат да се најдат само на овие два острова.
Во филмската уметност
Шведскиот режисер Ингмар Бергман провел дел од животот во Форе, каде и починал. Тука се снимени неколку негови филмови, меѓу кои: „Низ нејасно стакло“ (1961), „Персона“ (1966), „Часот на волкот“ (1968), „Срам“ (1968), „Страст“ (1969) и „Сцени од еден брак“ (1972).[2] Секој јуни се одржува „Бергманов фестивал“ во чест на режисерот.
Филмот „Жртва“ на Андреј Тарковски бил предвиден да се снима на Форе, но војската одбила да даде дозвола и затоа филмот е сниман во Нер, југоисточен Готланд.
Remove ads
Туризам
На островот секоја година во септември се одржува настанот „Форевски вечери“ (Fårönatta) кога рестораните и баровите работат цела ноќ, на тезги се нудат ракотворби a црквата одржува полноќна миса.[2]
Реони
Светилник
На североисточниот крај на островот се наоѓа светилникот (Fårö Fyr). Висок е 30 м, а изграден е во 1847 г.
Лангхамар
Лангхамар е полуостров во северозападниот дел на Форе. Се одликува со карпести плажи и карпести монолитни образби наречени „рауци“. На полуостровот е сместен истоимениот природен резерват Лангхамар. Дејството на филмот „Низ нејасно стакло“ на Ингмар Бергман се случува во Лангхамар.[2]
Дигерхувуд
Природниот резерват Дигерхувуд во себе содржи и рибарско село. Местото не е погодно за пливање поради наглата длабочина (до 80 м) и силните струи. Меѓутоа од истата причина резерватот е популарен за нуркање и спортски риболов.
Судерсанд
Долгата песоклива плажа Судерсанд се наоѓа североисточниот дел на Форе, веднаш до Сундерсандското одморалиште, каде се изнајмуваат бунгалови.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Галерија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads