Фотодиода

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фотодиода
Remove ads

Фотодиодаполуспроводнички елемент со еден PN спој и два извода чија електрична проводност се менува со промена на светлосниот флукс кој паѓа на површината на спојот.[1] Заради оваа особина наоѓа примена како електронски сетилник (сензор). Битна особина на фотодиодата е дека врши само (исклучително брза) детекција, а не врши улога на засилувач, за разлика од фототранзисторот. Исклучок се лавинските фотодиоди. Фотодиодата се прави од полуспроводен материјал како и обичната диода.

Кратки факти Фотодиода, Тип ...
Thumb
Фотодиода (зголемена)
Remove ads

Примена

Заради брзата реакција на светлосното ниво, фотодиодите се применуваат во оптоелектрониката каде брзината на работа е најважна. На пример употребата на оптички изолациски парови (оптокаплери), сензори на позицијата (енкодери), многу брза комуникација преку оптички кабел и други.

Материјал

Од материјалот зависи осетливоста во определен дел од електромагнетниот спектар.

Повеќе информации Материјал, Бранова должина (nm) ...

Симбол

Симболот на фотодиодата е прикажан на сликата.

Симбол за фотодиода

Предности и мани

Предност се ниската цена и многу брзата работа (во однос на фотоотпорникот и фототранзисторот). Мана е немањето засилување (освен кај лавинската фотодиода).

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads