Француска Северна Африка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Француска Северна Африка (француски: Afrique française du Nord) — федерација на француски колонијални територии во Магреб, која ги зазимала териториите на денешните суверени земји Мароко, Алжир и Тунис.
Почетокот на француската колонизација на Северна Африка започнало во 1830 година кога Франција влегла во редица вооружени конфликти чија цел била максимално искористување на ова историско-географска област и ова продолжило скоро до крајот на 19 век.
Во 1848 година Алжир бил прогласен за територија под суверенитетот на Франција.[1], и бил поделен на оддели на чело со префекти, а на чело на целата територија на Алжир бил доделен француски генерал-гувернер.
Франција го освоил Тунис во 1881 година, принудувајќи го локалниот туниски бег да потпише договор на 12 мај 1881 година според кој де факто територијата на Тунис станува француски протекторат[2].
Формалното воспоставување на француски протекторат во Мароко датира од 30 март 1912 година, по двете Марокански кризи.
Француското управување во Магреб продолжило од 1830 година до 2 јули 1962 година, кога Алжир стекнал независност[3].
Remove ads
Поврзано
- Освојување на Африка
- Француски Алжир
- Француски протекторат Тунис
- Француско Мароко
- Фезан (1943–1951)
- Египет[4]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads