Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки (германски: Franz Ludwig von Pfalz-Neuburg; 18 јули 1664 - 6 април 1732 ) — германски епископ и архиепископ на неколку епархии и Голем мајстор на Тевтонскиот ред. Роден е во Нојбург на Дунав син на Филип Вилхелм, изборен кнез на Пфалц и Елизабета Амалија Хесенско-Дармштатска.
Во 1683 г. станал архиепископ на Вроцлав по смртта на брат му, Волфганг Георг, кој требал да ја имаа оваа функција.
Во 1694 добил и други функции како Голем мајстор на Тевтонскиот ред и епископ на Вормс. Во 1716 станал архиепископ на Трир. Во Трир ги реорганизирал подрачјата на црковна надлежност и помогнал со обновата на римскиот мост и трирската катедрала. Во 1729 станал и архиепископ на Мајнц, а со тоа се откажал од службувањето во Трир бидејќи папата забранил да се спојуваат архиепископии. Во Мајнц, Франц Лудвиг започнал управни и правосудни реформи, како и изградбата на Тевтонското заповедништво (Deutschhaus).
Починал во Вроцлав (Бреслау) и закопан е во наменски изградена капела во Вроцлавската катедрала.
Remove ads
Грбови
- Грб на црквата во Јаворник, Чешка Шлеска
- Грб во тевтонскиот манастир во Вајнхајм
- Грб на парохијата во Елванген
Надворешни врски
Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки на Ризницата ?
- Биографија во Биографско-библиографската црковна енциклопедија (германски)
- Оваа статија содржи информации од преработка од 7 септември 2006 од истоветната статија на Википедија на германски.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads