Фрајбург (Елба)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фрајбург (службено: Фрајбург/Елба; германски: Freiburg/Elbe; долногермански: Fryborg) — општина во округот Штаде, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
За други истоимени места, погледајте Фрајбург (појаснување).
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Општината претставува административно седиште на општинската заедница Нордкединген.
Remove ads
Географија
Местоположба
Општината се наоѓа на југозападниот брег на реката Елба. Од градот Штаде е оддалечен 27 километри, додека од градот Куксхафен се наоѓа 40 километри. На спротивниот брег на реката Елба се наоѓа Гликштат, со кој е поврзан со ферибот.
Соседни општини
На спротивниот брег на Елба се наоѓаат општините во Шлезвиг-Холштајн, Брокдорф и Вевелсфлет. На истиот брег се наоѓа Вишхафен на југоисток, Едеркварт на југ и Крумендајх на запад.
Општински единици
Кон општината Фрајбург припаѓаат следниве места:
- Алверден
- Шеневорт
Покрај овие места, во општината влегуваат имотите Алверденердајх, Еш, Курцененде, Лак, Лангенхоф, Нојенштеден, Рутенштајн, како и делови од Штеленфлет.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads