Штаде (округ)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Штаде (округ)map
Remove ads

Штаде (германски: Stade) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град и е дел од метрополитенската област Хамбург.

Кратки факти ШтадеLandkreis Stade, Земја ...
Remove ads

Географија

Местоположба

Округот се наоѓа на јужниот брег на реката Елба, помеѓу градот Хамбург и устието на реката. Западната граница на округот е Осте, тесна притока на Елба. Областа помеѓу Осте и градот Штаде традиционално е позната како Кединген. Областа источно од Штаде е позната како Алтес Ланд (буквално „Стара Земја“). Има илјадници овошни дрвја.

Окрузи

Се граничи (од север надесно) со окрузите во Шлезвиг-Холштајн, Дитмаршен, Штајнбург и Пинеберг (сите на другиот брег на Елба, градот-држава Хамбург, како и со окрузите од Долна Саксонија, Харбург, Ротенбург и Куксхафен.

Remove ads

Историја

Округот Штаде бил основан во 1932 година со спојување на три претходни помали окрузи.

Грб

Грбот прикажува:

  • замок, претставувајќи го Штаде како поранешно седиште на грофовите на Штаде
  • клучот од грбот на Надбискупијата Бремен, на која областа припаѓала во минатото
  • бел коњ, претставувајќи го Хановер и Долна Саксонија

Градови и општини

Thumb
Градовите и општините во округот Штаде
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads