Фрајштат

гратче во Горна Австрија From Wikipedia, the free encyclopedia

Фрајштатmap
Remove ads

Фрајштат (германски: Freistadt, чешки: Cáhlov) — гратче во областа Милфиртел, Горна Австрија, стопанско и управно седиште на истоимениот округ Фрајштат. Населението брои 7909 жители (1 јануари 2018). Најблиски поголеми градови се Линц (седиште на Горна Австрија) на 40 км јужно и Ческе Будјејовице (седиште на Јужночешкиот крај), на 60 км на север.

Кратки факти Фрајштат Freistadt, Земја ...
Remove ads

Историја

Подрачјето на Фрајштат потпаднало под владение на Војводството Баварија во VII век.

Фрајштат е основан пред 1220 г. Познато е дека во 1225 г. низ ова место поминал војводата Леополд VI. Како населено место за првпат се спомнува во документ во 1241 г. како „Фринштат“ (Frienstat), а потоа во документ на кралот Рудолф I Хабсбуршки во 1277 г. како „Фрајнштат“ (Vreinstat). Гратчето се наоѓало на границата помеѓу хабсбуршките и чешките земји и крстосница на патиштата по кои се одвивала трговијата со сол и железо, од праисторијата до средновековието. Ѕидините на стариот град заедно со кулите и портите постојат и денес, а изградени се помеѓу 1363 и 1393 г.

Гратчето настрадало во француските походи во 1805 и 1809 г. за време на Наполеоновите војни. Во 1918 г. влегло во состав на сојузната покраина Горна Австрија. Со присоединувањето на Австрија кон Германија во 1938 г., месноста му припаднала на Горнодунавскиот крај (гау), каде останала сè до 1945 г. кога е вратена во Горна Австрија.

Remove ads

Составни населени места

Како општина, Фрајштат ги опфаќа следниве населени места, наведени со нивните населенија (на 1 јануари 2018[1]):

  • Галгенау (Galgenau, 5 жит.)
  • Санкт Петер (Sankt Peter, 278 жит.)
  • Трелсберг (Trölsberg, 229 жит.)
  • Фрајштат (Freistadt, 7397 жит.)

Знаменитости

Главниот влез во стариот град е низ Линчката порта (Linzer Tor). Околу пространиот главен плоштад се стари домови на некогашните градски големци. На највисоката точка се издига црквата „Св. Катерина“, изградена во XIV - XV век во готски стил. Во 1690 г. е преработена во барокен стил, каква што останала до 1967 г. кога ѝ е повратен првобитниот изглед. Во североисточниот агол на плоштадот стои порта која води до Фрајштатскиот замок (XIV в.). Главната кула на замокот е висока 50 м и во неа денес е сместен Милфиртскиот дворски музеј (Mühlviertler Schlossmuseum) кој е од месно значење, познат по големата збирка на стакло со златорез и икони. Од другата страна на Чешката порта (Böhmertor) се наоѓа малата Богородична црква (Liebfrauenkirche, XV в.) со забележителни издолжени прозорци наречени „столбови од светлина“, изработени во 1484 г.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads