Фрањо Малгај
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фрањо Малгај (10 ноември 1894 – 6 мај 1919) бил словенечки војник, војсководец и поет. Тој бил офицер во Австо-унгарската армија. По распаѓањето на Австроунгарија по Првата светска војна, тој станал еден од командантите во словенечката доброволна армија под команда на Рудолф Мајстер, која се борела против германските австриски единици за време на борбата за северните словенечки погранични области. Подоцна станал офицер во армијата на Кралството Срби, Хрвати и Словенци. Загинал за време на австриско-југословенските борби во 1919 година. Тој се смета за словенечки национален херој.[1]
Remove ads
Образование и воена кариера
Тој бил роден во Хрушевец во Долна Штаерска, во тогашна Австроунгарија (сега во Словенија). По завршувањето на основното училиште во блискиот град Цеље во Штаерска, се запишал во Првата гимназија во Цеље. Подоцна студирал во градовите Крањ и Пазин (Истра).
По завршувањето на училиштето за пешадиски резервни офицери во Грац, учествувал во италијанскиот поход за време на Првата светска војна. Учествувал во битките на Исонзо каде што се заразил со тифус. По закрепнувањето, бил префрлен во тиролскиот сектор на фронтот. За неговите храбри напади на италијанското упориште на Монте Зебио го добил Златниот медал и се префрлил во осумдесет и седмиот пешадиски полк во Цеље. Во октомври 1918 година започнал да студира право на Универзитетот во Грац.
По распаѓањето на Австроунгарија и формирањето на Државата на Словенците, Хрватите и Србите кон крајот на октомври 1918 година, се приклучил на словенечката доброволна армија формирана од Рудолф Мајстер. Оваа војска, позната како „борци на Мајстер“ ги зазела териториите населени со Словенци во Долна Штаерска и се борела против силите на германска Австрија за пограничните области во Штаерска и Корушка.
На почетокот на ноември, Малгај собрал група словенечки доброволци околу Цеље и марширал во правец на југоисточна Корушка (денес е познато како Словенечка Корушка). Заедно со генералот Мајстер и чета доброволци составена од војници на Армијата на Кралството Србија кои се повлекувале од затворот во Австрија, тој стигнал до Лавамунд и го зазел градот Волкермаркт во Корушка кон крајот на ноември 1918 година.
Remove ads
Смрт
Постојат различни ставови во однос на неговата смрт.
Се претпоставува дека извршил самоубиство на 6 мај 1919 година. Друга претпоставка е дека починал откако случајно активирал рачна граната закачена на неговиот појас. Постојат гласини кои укажуваат дека бил застрелан од група војници од Србија со кои наводно бил во конфликт. [2]
Бил погребан во градот Гуштањ во Корушка (сега Равне на Корошкем).
Remove ads
Наследство
По повод 90-годишнината од смртта на Малгај биле објавени неговите мемоари од 1914 до 1919 година. По него било именувано основното училиште во Шенџур.[3] Малгај е добро познат во Словенија затоа што ја предводел групата војници на Мајстер која ја зазела Межа и долината Межа по Првата светска војна.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads