Цеље

град во Словенија From Wikipedia, the free encyclopedia

Цеље
Remove ads

Цеље (словенечки: Celje, германски: Cilli) — четвртиот град по големина во Словенија. Тој е регионално средиште на традиционалниот словенечки регион Штаерска и административно седиште на Градска општина Цеље која се наоѓа во Савињскиот статистички регион. Гратчето е сместено под Цељскиот замок кај вливот на реките Савиња, Худиња, Ложница, Воглајна во Савињската Долина и кај раскрсниците на патиштата што ги поврзуваат Љубљана, Марибор, Велење и долината Засавје. Цеље лежи на 238 метар надморска височина.[2]

Кратки факти Цеље Celje, Земја ...
Remove ads

Име

Цеље бил познат како Келеја (латински: Celeia) за време на античкоримскиот период. Раните сведоштва на името за време или по словенското населување се Килија (Cylia) во 452 година, еклесие Келејане (ecclesiae Celejanae) во 579 година, Целија (Zellia) во 824 година, ин Цилија (in Cilia) во 1310 година, Цили (Cilli) во 1311 година и Целе (Celee) во 1575 година. Старословенечкото име *Целе или *Цеьјe, од кое се развил современиот словенечки топоним Цеље (Celje), било позајмено од народниот латински Келее (Celeae). Името е од предримско потекло и неговата понатамошна етимологија е нејасна.[3] На месниотсловечки дијалект, Цеље е наречено Цјеле или Целе. На германски се нарекува Цили (Cilli), а на италијански е познат како Чили (Cilli) или Челје (Celie).

Remove ads

Историја

Рана историја

Првата населба во областа на Цеље се појавила во Халштатско време. Населбата била позната во келтското време и на старогрчките историчари како Келеја;[4] наодите наведуваат дека Келтите ковале норички монети во регионот.

Thumb
Цеље, Георг Матеус Фишер,, Topographia Ducatus Stiriae (Топографија на Војводството Штаерска), Грац, 1681 година.

Откако областа била вклучена во Римската Империја во 15 п.н.е., таа била позната како Кивитас/Киуитас Келеја (латински: Civitas Celeia. Местото добило општински права во 45 н.е. под името муникипиум Клаудија Келеја (municipium Claudia Celeia) за време на владеењето на римскиот император Клавдиј (41-54). Записите наведуваат дека градот бил богат и густо населен, обезбеден со ѕидини и кули, со повеќекатни мермерни дворци, широки плоштади и улици. Бил нарекуван Втора Троја (Троја секунда, Troia secunda), и/или Мала Троја. Еден римски пат низ Келеја водел од Аквилеја (словенечки: Оглеј) до Панонија. Келеја набрзо станала процутна римска колонија и биле изградени многу големи градби, како што е храмот на Марс, кој бил познат низ Империјата. Келеја била вклучена во Аквилеја околу 320 година за време на римскиот император Константин Велики (272-337).

Градот бил срамнет од словенските племиња за време на Големата преселба во 5 и 6 век, но бил повторно изграден во раниот среден век. Првото спомнување на Цеље во средниот век било под името Килије (Cylie) во Хрониката на Волфхолд фон Адмонт, која била напишана помеѓу 1122 и 1137 година. Градот бил седиште на цељските грофови од 1341 до 1456 година. Се здобил со статус на пазарен град во првата половина на 14 век и градски привилегии од грофот Фридерик II на 11 април 1451 година.

Thumb
Цеље, насликан во 1750 година. Реката Воглајна може да виде видена на лево, течејќи кон Савиња. Островското маало е наречено Оток (словенечки за остров).
Thumb
Цеље, 1830 година - литографија од Ј.Ф. Кајзер, Грац.

По изумирањето на цељските грофови во 1456 година, регионот бил наследен од Хабсбурговциите од Австрија и управуван од Војводството Штаерска. Бедемите и одбранбениот шанец биле изградени во 1473 година. Градот се бранел од Османлиите и во 1515 година за време на големата Словенечка селанска буна против селаните кои го зазеле Стариот замок.

Многу месни благородници преминале во протестантство за време на протестантската реформација, но регионот бил повторно преобратен во Римокатолицизам за време на Контрареформацијата. Цеље станал дел од Хабсбурбуршката Австриската Империја за време на Наполеоновите војни. Во 1867 година, по поразот на Австрија во Австро-пруската војна, градот станал дел од Австроунгарија.

Remove ads

Знаменитости

Туристичките знаменитости на градот се миноритскиот манастир основан во 1241 година[5] и дворец од 16 век.

Парохиската црква, која датира од 14 век, со својата готска капела, е интересен примерок на средновековната архитектура. Таканаречената германска црква, во романески стил, му припаѓала на манастирот, кој бил затворен во 1808 година. Тука е зачуван престолот на цељскиот грофови, а исто така и гробовите на неколку членови на семејството.[5]

Географија

Клима

Цеље има влажна континетална клима со топли лета (Кепенова класификација на климата).

Повеќе информации Климатски податоци за Цеље, Месец ...
Remove ads

Градски четврти

Гратчето Цеље е поделено на 10 населби односно градски четврти (mestne četrti):

  • Центар
  • Дечкова Населба
  • Долго Поле
  • Габерје
  • Худиња
  • Карел Дестовник Кајух
  • Лава
  • Нова Вас
  • Савиња
  • Славко Шландер

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Гратчето Цеље имало 37,490 жители согласно 2002 година.

Образование

Во Цеље нема универзитет, иако во градот е воспоставено одредено образование на ниво на факултет.

  • Факултет за логистика, формално дел од Универзитетот во Марибор бил основан во Цеље во 2005 година.
  • Меѓународно училиште за социјални и деловни студии
  • Факултет за комерцијални и деловни науки
  • УП Факултет за менаџмент

Комуникации

Поштенски број: SI-3000 (од 1991 година). (Стар поштенски број: 63000 (помеѓу 1945–1991)).

Збратимени градови

Цеље е збратимен со:[8]

Цеље, исто така, соработува со Череповец во Русија и има неформални тесни односи со Грац и Шпитал на Драва во Австрија.[8]

Позначајни личности од Цеље

Remove ads

Галерија

Remove ads

Наводи

Дополнителна книжевност

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads