Фросина (филм)

филм From Wikipedia, the free encyclopedia

Фросина (филм)
Remove ads

Фросина — првиот македонски игран филм по сценарио на Владо Малески, а во режија на Воислав Нановиќ. Филмот бил претставен во 1952 година. Снимател бил Киро Билбиловски, а музиката ја компонирал Трајко Прокопиев, сценографијата е на Милан Васиќ, а асистент на режија бил Трајче Попов. Премиерата била одржана на 28 јуни 1952 година во скопското Кино „Култура“[1]. Главната улога, ликот на мајката, го толкува Мери Бошкова, а во другите улоги играат Ацо Јовановски, Петар Вељановски, Предраг Наѓа и други.

Кратки факти „Фросина“, Режисер ...

Филмот е снимен во црно-бела техника, со времетраење од 79 минути, со стандардна техника на 35 милиметри. Жанрот е социјална драма, која ја обработува темата на печалбарскиот живот, војната и трагичниот живот на една мајка.

Remove ads

Улоги

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads