ХЕЦ „Дошница“

хидроцентрала во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ХЕЦ „Дошница“map
Remove ads

Дошница (Хидроелектрична централа „Дошница“ или ХЕЦ „Дошница“) — мала хидроцентрала на истоимената река, недалеку од градот Демир Капија, во јужниот дел на Македонија.[1]

Кратки факти ХЕЦ „Дошница“, Назив ...

Централата е прогласена за културно наследство на Македонија.

Remove ads

Историја

Хидроцентралата е во погон од 1952 година. Има три агрегата со пелтон турбини и инсталирана моќност од 5,1 MW.[2][3]

Архитектура

Цевководи

Водите од реката Дошница се зафаќаат 9,5 километри спротиводно од машинската зграда преку тиролски зафат ѕидан од камен. Зафатот има капацитет од 2,1 м3/с. Водите на реката се зафаќаат директно од речното корито. Од зафатната градба водата оди во таложникот, а оттаму кон доводниот канал, кој има должина од 4400 метри и пречник од 1600 милиметри. До водната комора водата продолжува преку доводен тунел со должина од 3400 метри. Водната комора има пречник од 7 метри и е длабока 10 метри, а водата во неа се одржува автоматски, во просек од 75% од капацитетот на тунелот. Од водната комора до машинската зграда водата се пренесува преку челичен цевковод, кој има должина од 530 метри. Доводниот цевковод пред влезот на машинската зграда се разгранува на 3 дела, за секоја од трите турбини.[4]

Машинска зграда

Зградата се наоѓа јужно од градот Демир Капија. Во машинската просторија има три пелтон турбини со хоризонтална оска со номинален проток од 0,8 м3/с и секоја од нив е поврзана на синхрон генератор со статичка возбуда и вкупна инсталирана моќност од 5,1 MW. Под зградата се наоѓа одводниот канал преку кој водата што поминала низ турбините се испушта дел во рибникот „Дошница“, а дел во речното корито.[4]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads