Хабсбуршка Шпанија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хабсбуршка Шпанија
Remove ads

Топонимот Хабсбуршка Шпанија се однесува на периодот од историјата на Шпанија во текот на 16 век и 17 век (1516-1700), кога Шпанија била управувана од Хабсбуршката династија. Под нејзино владеење, односно во времето на Карло V и Филип II, Шпанија била една од најголемите светски сили која контролирала делови од територијата на Америка до Филипините во Азија, Франција, Бенелукс, Германија, поголемиот дел од денешна Италија во Европа, а од 1580-1640 ја вклучувала и Португалија. Поради оваа причина, овој период на шпанската историја, исто така, бил познат како „ера на експанзија“. Во времето на последниот хабсбуршки крал, во втората половина на 17 век, Шпанија постепено навлегувала во политички и културен пад.

Thumb
Карта на Иберискиот Полустров, 1570

Својата поморска надмоќ Шпанија ја докажала по победата на Османлиите во Битката кај Лепанто во 1571 година, како и серија победи кои ги издвојувала против Англија во Англо-шпанската војна во периодот од 1585 до 1604 година. Но во средината на 17 век Шпанија започнала да ги губи битките од Република Холандија. Следувала Триесетгодишната војна, во која Шпанија и нејзината коалиција биле поразени од страна на Франција, која била предводена од кралот Луј XIV. Хабсбуршкото владеење на Шпанија завршило по смртта на последниот хабсбуршки крал на Шпанија, Карлос II, што резултирало со започнување на Војната за шпанското наследство.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads