Хавзипашини конаци
комплекс на конаци крај Скопје From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хавзипашините конаци — коплекс на конаци во селото Бардовци крај Скопје. Објектот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија. Македонскиот филм „Големата вода“ бил снимен тука.
Remove ads
Особености
Изграден е на чифликот на Хавзи-паша во периодот помеѓу 1830 и 1845 година[1]. Комплексот го сочинуваат три делови со згради и дворишта оградени со ѕидови од камен, засилени со осум одбранбени кули[1]. Во средишниот двор се наоѓа селамлукот во кој престојувал пашата со машкиот дел од семејството. На источната страна бил харемлакот со женскиот двор во кој се наоѓала зграда за кујна и за послугата. Меѓу двата конака е ризницата за чување на богатството и оружјето на пашата, поврзана со дрвен мост. Крајниот дел е за економија, со коњушница и поило[1]. Двата конака се симетрични со приземје и кат. Внатрешноста на зградите била украсена со боена декорација по ѕидовите и со тавани во резби.[2]
Remove ads
Реставрација
Во 2009 година започнат е проект за обнова и реставрација на Хавзипашините конаци, каде што ќе биде сместен националниот филмски фонд на Кинотеката на Македонија. Хавзипашините конаци ќе имаат три дела, од кои едниот ќе биде депо за филмови, другиот мултимедијален со џебнокино и филмски музеј. Проектот го реализира Владата на Македонија и Министерството за култура[3].
Галерија
- Денешна состојба
- Кула до портата од Хавзипашини Конаци
- Главната порта на Хавзипашини Конаци
- Ѕидините на Хавзипашини Конаци фотографирани од надворешната страна
- Кула и ѕидини на Хавзипашини Конаци фотографирани од надвор
- Историски фотографии
- Слика од Хавзипашините конаци во 1920-тите
- Слика од Хавзипашините конаци во 1920-тите
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads