Халмахерско Море

море во Индонезија From Wikipedia, the free encyclopedia

Халмахерско Море
Remove ads

Халмахерско Мореморе во Тихиот Океан сместено на подрачјето на Индонезија. Лежи помеѓу  ЈГШ и 129° ИГД и се граничи со ширта на Тихиот Океан на север, островот Халмахера на запад, островот Вајгео и покраината Папуа на исток, и Серамското Море на југ. Зафаќа површина од 95.000 км и топографски опфаќа повеќе одделни подводни котлини и сртови, од кои најголема е Халмахерската Котлина, со длабочина од 2.039 м.

Thumb
Местоположба на Халмахерското Море во Југоисточна Азија
Thumb
Халмахерското Море на северот на Молучките Острови
Remove ads

Опфат

Според Меѓународната хидрографска организација, Халмахерското Море ги има следниве граници:[1]

На север Линија од Ваџабула (Моротај) до ’ртот Џоџефа, северниот крај на Халмахера.

На исток. Линија од ’ртот Горанго, североисточниот крај на островот Моротај, преку островите Саџанг и Каве до западните крајности на островите Вајгео и Батанта, па преку водата до северозападниот крај на островот Самавати, долж брегот до ’ртот Менонкет (југозападниот крај), а оттаму до ’ртот Селе, Нова Гвинеја (1°26′S 130°56′E).

На југ. Северната граница на Серамското Море помеѓу Голем Оби и Нова Гвинеја [Линија од ... Голем Оби ... ’ртот Серанмалолео (неговиот источен крај), а оттаму низ островите Тобалај, Кекек, Писанг и Кофијау до ’ртот Селе (1°26′S 130°55′E), западниот крај на Нова Гвинеја].

На запад. Јужната граница на Молучкото Море помеѓу Халмахера и Голем Оби [Линија од јужниот крај на Халмахера со северниот крај на островот Биса (Сетиле), а оттаму до северниот крај на Голем Оби].

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads