Харманли

From Wikipedia, the free encyclopedia

Харманли
Remove ads

Харманли (бугарски: Харманли) – град во Република Бугарија, во југоисточниот дел на земјата. Градот е трет по важност во Хасковската Област и средиште на нејзиниот источен дел.

Кратки факти Харманли Харманли, Држава ...
Thumb
Културниот дом во Харманли
Remove ads

Географија

Градот Харманли се наоѓа во југоисточниот дел на Бугарија. Од престолнината Софија, градот е оддалечен 270 км, а од обласното седиште, градот Хасково, оддалечен е 33 км. Турската граница е оддалечена околу 50 км.

Подрачјето на Харманли се наоѓа во средишниот дел на Тракиската Рамнина. Северно од градот тече реката Марица, а јужно се издигаат последните, најисточни делови на планинската верига Родопи.

Климата во градот е изменето континентална.

Remove ads

Историја

Околината на Харманли првично била населена со Тракијци. После тоа со ова подрачје владеат Рим, Византија, средновековната Бугарија, а потоа паднало под османлиска власт. Под ова име населбата првпат се споменува во 1510 година. После 1878 година градот ѝ припаднал на новооснованата држава Бугарија.

Население

Според процените од 2007 година, Харманли имал околу 20 000 жители. Мнозинството од градското население се етнички Бугари, остатокот малобројни Роми. Последните дваесетина години градот го губи населението заради оддалеченоста на главните текови на развојот во земјата.

Мнозинската вероисповед е православна, а малцинската ислам.

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads