Хашлар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хашлар
Remove ads

Хашлар или Хашилар (грчки: Σταυρωτή, Ставроти), до 1928 година (грчки: Χασιλάρ, Хасилар) [2]село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 27 жители.

Кратки факти Хашлар Σταυρωτή, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 17 км јужно од Кожани.

Историја

За време на Османлиското Царство

Кон крајот на XIX век Хашлар е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Хасилари живееле 250 Турци.[3]

Во Грција

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Хашлар станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Хашлар има 196 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 52 семејства и 239 жители бегалци.[5]

Во 1928 година името на селото е променето во Ставроти.

Remove ads

Демографија

Пописи

Движењето на населението по години е следното[6]:

  • 1913 – 196 жители
  • 1920 – 205 жители
  • 1928 – 192 жители

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Населението во селото произведува, жито, тутун и други земјоделски производи.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads