Хелика (месечина)
месечина на Јупитер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хелика (старогрчки: Ελίκη) или Јупитер XLV — месечина на Јупитер. Откриена е од група астрономи од Универзитетот во Хаваи под водство на Скот Шепард во 2003 година и му била дадена привремената ознака S/2003 J 6.[1][2][3]

Хелика има пречник од околу 4 километри и кружи околу Јупитер на просечна оддалеченост од 20,54 милиони киолемтри, правејќи круг за 601,402 дена со наклон од 155° кон еклиптиката (155° кон Јупитеровиот екватор) во спротивна насока со занесување од 0,1375. Просечната орбитална брзина на месечината изнесува 2,48 км/сек.
Месечината своето име го добила во март 2005 година по Хелика, една од нимфите во старогрчката митологија кои го одгледувале Зевс во неговите рани години на островот Крит.[4]
Хелика припаѓа на широкораспространетата Пасифаина група.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads