Херберт Кремер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Херберт Кремер
Remove ads

Херберт Кремер (германски: Herbert Kroemer 25 август 1928 - 8 март 2024) германски професор по електротехника и сметачко инженерство во Калифорнискиот универзитет, а го добил неговиот докторат по теоретска физика во 1952 од Гетингенскиот универзите, Германија, со есејот за топлотните електронски ефекти во тогаш новиот транзистор, поставувајќи ја основата на кариера за истражување на физичките својства на полупроводнички уреди. Во 2000, Кремер, заедно со Жорес Алферов, бил награден со Нобеловата награда за физика „за развојот на полупроводнички хетероструктури кои се користат во големобрзинската електроника и оптоелектрониката“. Другиот кодобитник на Нобеловата награда бил Џек Килби за неговиот пронајдок и развој на интегралното коло и микрочиповите“.

Кратки факти Херберт Кремер, Роден(а) ...
Thumb
Херберт Кремер во 2008 година
Remove ads

Животопис

Тој работел во бројни истражни лаборатории во Германија и во САД и предавал електротехника во Колорадскиот универзитет од 1968 до 1976. Се придружил на факултетот UCSB во 1976, фокусирајки се на неговиот полупроводничи истражен програм за зголемување на технологијата на полупроводнички материи наместо на силициумската технологија.

Кремер бил избран како член на Националната академија на инженерство во 1997 и Американската академија на науките во 2003. Тој отсекогаш работел на проблеми кои се понапредни од мејнстрим технологијата. Во 1950-те, тој го пронашол базниот транзистор и бил првиот кој посочил дека може да се стекне предност во бројни полупроводнички уреди преку инкорпорирање на хетероструктури. Најважно, во 1963 тој го предложил концептот на двојниот хетероструктурен ласер, кој сега е централен концепт во полето на полупроводничките ласери. Кремер станал ран пионер во молекуларната снопова епитаксија, концентрирајќи се на применување на технологијата врз нови неиспробани материјали.

Заедно со Чарлс Кител е соавтор на полуларното дело "Thermal Physics" (македонски: „Термиска физика“), првпат објавено во 1980 и сѐ уште употребувано и денес. Тој исто така е автор на делото "Quantum Mechanics for Engineering, Materials Science and Applied Physics" (македонски: „Квантна механика за инженерство, материјална наука и применета физика“).[2]

Remove ads

Поврзано

  • Список на нобеловци поврзани со Калифорнискиот универзитет, Санта Барбара

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads