Хефест

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хефест
Remove ads

Хефест (старогрчки: Ἡφαιστος ) бил бог на ковачката вештина во старогрчката митологија. Негови родители се Зевс и Хера. Според еден мит Хефест кога се родил бил многу грд и поради тоа Хера го фрлила во морето, но го спасиле Тетида и Еуринома[1]. Негова жена е преубавата Афродита, како награда од Зевс.

Thumb
Статуа на Хефест

Особености

Тој бил исклучително вешт во изработка на убави работи. Кога по девет гдини од неговото раѓање Хера ја сретнала Теида која имала прекрасен брош, дознала колку бил вешт отфрлениот син, таа вднаш го вратила на Олимп. Толку се зближил со мајка си, што му префрлил на Зевс поради тоа што ја имал заковано Хера на небото. Но,поради лутината на Зевс уште еднаш бил фрлен од Олимп, од кој паѓал цел ден, за да падне на земјата, на островот Лемно. Едвај преживеал, но подоцна му било простено и можел да се врати на Олимп. Тој бил грд, бил намќор, но многу силен и умешен со рацете. Неговата умешност била толку голема што еднаш создал механички жени кои му помагале во работилницата, а дури умееле и да говорат. Тој направил троножни столици од злато, кои самите се движеле и оделе до место каде што боговите се состанувале и се враќале во ковачницата.[2]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads