Хор-Аха
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хор-Аха, Хор-Аха или Аха, Ити — вториот фараон на Првата египетска династија. Тој владеел во 31 век пред новата ера.
Во раниот династички период, фараоните биле назначени според нивното Хорово име, додека небти имињата на кралевите биле користени подоцна во списоците.
Remove ads
Владеење
Неговиот татко, Нармер во 32 век п.н.е. ги обединил Горен и Долен Египет. Хор-Аха станал фараон на околу 30 годишна возраст и владеел до својата 62 година.
Натпис од Абидос сведочи за фактот дека фараонот водел војна против Нубијците.[1] Исто така преземал походи во Либан и Палестина. Во југозападниот дел на денешниот Израел, пронајдени се остатоци од предмети од керамика и слонова коска од времето на Првата династија, кои можеби потекнуваат од времето на фараонот Хор-Аха. Во гробницата на Ахин пронајдени се остатоци од садови со декорација типични за Палестина.[2]
Remove ads
Смрт и гроб
Постои легенда дека го убил нилски коњ, олицетворение на богот Сет. Ако Хор-Аха е иста личност со легендарниот крал на Менес, тогаш приказната дека умрел од нилски коњ при лов е веродостојна.
Гробот на фараонот Хор-Аха е во некрополата на кралевите од Првата династија во Абидос (B10-15-19).[3] Овие гробови се правоаголни простории во пустината, покриени со глина.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads