Хуни (фараон)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хуни бил последниот фараон од Третата египетска династија. Тој бил наследник на Каба, и можеби му бил син. Хуни владеел од 2637 година п.н.е., до неговата смрт.
Remove ads
Потекло на поимот
Хуни значи „уништувач“. Манетон го нарекува Керфер(ис) и Ах, а името Хуни некаде се наоѓа скратено на Ху.[2]
Животопис
Хуни го наследил Каба, и најверојатно му бил син. Хуни бил последниот владетел на Третата династија, според Меченовата мастаба. Постои сомневање дека Хуни дошол на престолот многу стар. На списокот на службеници на фараонот Џосер се споменува еден Хуни. Ако е овој фараон, можно е дека тој бил во сродство со Џосер, а кога дошол на престолот, мора да бил многу стар, бидејќи Секемхет (веројатно негов дедо) и Каба владееле меѓу Џосер и Хуни. Главната сопруга на Хуни била Џефатнебти.[3] Таа и Хуни имале ќерка, Хетеферес I. Хуни имал и друга жена, Мересанк I[4], со која тој е татко на Снофру, неговиот наследник. За време на неговото владеење Хуни изградил многу градби. По неговата смрт, тој бил погребан во гроб за чија локација се смета дека е пирамидата во Меидум, Сакара или мастаба 17 во Меидум.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads