Царинарница (Шангај)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Царинарница (Шангај)
Remove ads

Царинарница (упр. кин.: 江海关大楼; трад. кин.: 江海關大樓; пинјин: Jiāng hǎiguān dàlóu) — осумкатна зграда на Бундот, Шангај. Градбата била изградена во 1927 година, а и ден-денес останува царинарница. Заедно со соседната зграда на ХШБК, Царинарницата се смета за еден од симболите на Бундот и Шангај.

Thumb
Царинариницата во 1994 година
Thumb
Поглед на Царинарницата од реката Хуангпу

Историја

Thumb
Влезот на Царинарницата
Thumb
Таванот на лобито на Царинарницата

Царинарницата во Шангај првпат била основана кон крајот на 17 век, кога царот Кангшји од династијата Чјинг ја укинал забраната за морската трговија откако го освоил Тајван. За да го олесни тргувањето долж источниот брег на Кина, владата на Чјинг поставила царинарници во четирите крајбрежни покраини: Џјиангнан (сега поделена на Џјиангсу и Анхуи), Џеџјианг, Фуџјиан и Гуангдонг. Името „Царинарница Џјиангнан“ било скратено на „Царинарница Џјианг“, или Џјианг Хаигуан (江海關) на кинески. Главната царинарница, првично се наоѓала во Лианјунганг, подоцна била преместена веднаш пред источната порта на заградениот град Шангај (тогаш дел од покраина Џјиангнан), покрај реката Хуангпу.

Со развојот на поморската трговија во Шангај, местоположбата на царинарницата станувала сè понепогодна, при што странските трговци претпочитале да ги закотвуваат своите бродови подалеку во морето, во близина на денешниот Бунд. Гувернерот на Шангај потоа поставил контролна точка на јужниот крај на Бундот. По дополнително настојување на британскиот конзул царинарницата да се пресели во британската концесија, на сегашното место е изградена нова царинарница. Оваа нова зграда е позната како Нова царинарница, Северна царинарница или „Странска царинарница“, додека старата царинарница била позната како „Голема царинарница“. Во 1853 година, бунтовничкото здружение на малите мечеви ја запалило Големата царинарница. Во 1860 година, тајпиншките востаници ја запалила обновената Голема царинарница. Било одлучено да не се обновува Големата царинарница, а сегашната зграда да стане ново седиште.

За време на овие бунтови, британските власти во градот ја прогласиле концесијата за неутрална. Потоа насилно ги протерале Чјинговите службеници од Северната царинарница, со образложение дека не можат да наплаќаат царина на неутрална територија. По бунтот, властите на Чјинг во Шангај биле принудени да основаат свој царински орган, прво на два вооружени чамци закотвени преку реката во Пудонг, а потоа на северниот брег на реката Суџоу. Меѓутоа, странските трговски бродови ги пренебрегнувале овие неефикасни царински пунктови.

Во 1854 година, Британците го добиле правото на царина во концесијата. Велика Британија, Франција и Соединетите Држави назначиле по едно лице за да основаат „Даночен комитет за странци“, кој функционирал од Царинската управа. Владата на Чјинг се согласила да назначи Британец за генерален инспектор на новооснованата кинеска поморска царинска служба. Во 1857 година, Шангајската влада потрошила 6800 лианзи сребро за обнова на Северната царинарница. Во 1863 година, сер Роберт Харт бил назначен на позицијата генерален инспектор, позиција што ја извршувал до 1911 година. Статуата на Харт која првично стоела на раскрсницата на патот Џјиуџјианг и Бундот била преместена на позиција пред Царинарницата во 1927 година. За време на јапонската окупација на Шангај, статуата била симната во септември 1943 година.[1]

Thumb
Зградата на ХШБК, изградена во 1923 година покрај новата царинарница, изградена во 1927 година

При повторната изградба во 1857 година, новата царинска градба била во традиционалниот кинески стил јамен. Предниот дел бил со монументален лак или паилу (牌樓) и два столба за знамиња. До 1859 година, зградата станала застарена. Гувернерот на Шангај потоа поднел барање за финансирање на нејзина обнова. Роберт Харт избрал готски дизајн, со петкатна правоаголна саат-кула во средината и две трикатни крила покрај неа, кои опкружуваат четириаголник. Зградата била изградена во 1891 година.[2]

Оваа зграда повторно била урната во 1925 година за да се направи место за сегашната градба проектирана од архитектите Палмер и Тарнер. Новата зграда била завршена на 19 декември 1927 година и чинела 4,3 милиони лианзи сребро, двојно повеќе од буџетот. Таа била највисоката зграда на Бундот во времето на изградбата.[2] Објектот и денес служи како царинарница.

Неколку простории се користеле како престојувалишта откако се вселиле семејства по 1949 година.[2] Тие се наоѓаат на задниот дел од зградата.[3]

Remove ads

Распоред

Thumb
Царинарница – Бунд – Шангај

Сегашната царинарница зафаќа површина од 5.722 квадратни метри, со 32.680 квадратни метри подна површина. Зградата е на два дела: источниот дел е висок осум ката и гледа кон реката Хуангпу. На врвот е поставена саат-кула, која има единаесет ката, а нејзината висина е 90 метра. Западниот дел е висок пет ката и гледа кон улицата Сечуан. При градбата било употребено армирано-бетонско јадро, додека надворешноста го следи грчкиот преродбен неокласицистички стил. Источниот дел е целосно обложен со гранит,[2] како и првите два ката од западниот дел, а горните три ката се со кафеави тули. Главниот влез има четири дорски столба. Над првиот и вториот кат се наоѓаат стреи, а над шестиот кат има поголема стреа. Од третиот до шестиот кат продираат големи камени столбови.

Внатре во главниот влез се наоѓа главната сала, во која мермерните столбови се украсени со златни листови. Во средиштето е осмоаголна купола, со мозаици на осумте страни.

Најзабележаната одлика на царинската куќа се саат-кулата и часовникот. Саат-кулата нуди поглед на целиот Бунд и средиштето на градот Шангај. Има четири лица, секое составено од повеќе од 100 парчиња стакло, со големина од 0,3 до 1 метар. Пречникот на секое лице е 5,3 метри, со 72 автоматски светилки.[4] Механизмите на часовникот и ѕвоното се направени според оние на Биг Бен во Вестминстерската палата.[3] Петте ѕвона (најголемото 6 тони) биле излиени од Џон Тејлор Белфаундерс, а механизмот на часовникот бил изработен од ЏБ Џојс и ко. во Англија пред да бидат испратени во Шангај во 1927 година.[5] И денес останува најголемиот механички часовник во Азија.[3] За време на Културната револуција, музиката на часовникот била сменета во Истокот е црвен. Традиционалната мелодија (Вестминстерските квартови) била обновена во октомври 1986 година, кога кралицата Елизабета Втора го посетила Шангај. Меѓутоа, во 1997 година, во пресрет на преносот на суверенитетот над Хонгконг, општинскиот огранок на Комунистичката партија наредил музиката да се прекине, оставајќи ги само отчукувањата на часовниот. Во 2003 година, мелодијата била променета уште еднаш во Истокот е црвен.[6] Механизмите на часовникот не се способни да ја репродуцираат оваа мелодија: свирената музика е всушност снимка што се репродуцира преку звучници, но се користела за пуштање на ѕвона. Од октомври 2018 година ѕвоната повеќе не ги свират на тоновите.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads