Цајц
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цајц (германски: Zeitz) — град во округот Бургенланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Вајсе Елстер, во средината на триаголникот на сојузните покраини Саксонија-Анхалт, Тирингија и Саксонија.
Remove ads
Историја
Цајц бил прво документиран под името Сиси на синодот во Равена во 967. Помеѓу 965 и 982, била главна тврдина на грофовијата Цајц. Помеѓу 968 и 1028 Цајц бил бискупска резиденција, која подоцна била преселена во Наумбург. Но, кон крајот на 13-от век бискупите повторно престојувале во нивниот замок во Цајц. Хермансшахт (изграден во 1889) — една од најстарите фабрики за тули во светот.
Целта на бомбардирањето во нафтената кампања во втората светска војна, фабриката БРАБАГ североисточно од Цајц, која користела лигнит јаглен за синтетизирање на нафта Ерзац[2] – работниците биле обезбедувани од блиските подкампови на Бухенвалд во Ремсдорф и Глајна. Во средината на 1960-тите започнала со градсба станбената зона „Цајц-Исток“, а во средината на 1980-тите станбени објекти како што се „Völkerfreundschaft“ (Народно пријателство) биле изградени.
Градот бил индустриски центар до 1989/90. На 18 август 1976, протестантскиот свештеник Оскар Бризевиц од Рипиха се запалил самиот до смрт пред црквата Св. Михаил. Ова било протест против системот на ГДР и еден од корените за побуните во 1989.
Remove ads
Главни знаменитости
Главните знаменитости во Цајц главно се наоѓаат по Романескниот пат .
- Замок Морицбург, барокен замок со катедрлата Свети Петар и Павле. Криптата од 10-от век прикажува лимени ковчези од 17-от век, вклучувајќи го и оној на Мориц, војвода од Саксонија.
- Михаелискирхе (1154), првично римска базилика и содржи дел од 95-те тези од 1517 на Мартин Лутер.
- Градска куќа (1509, повторно изградена во 1909). Таа е готска градба, заедно со обновените куќи и 3 пазарни места, го обезбедуваат средновековното присуство во Цајц.
- Хермансшахт, технички споменик во поранешната фабрика за тули.
- Градски ѕидини
- Пиварница
- Судската палата
- Куќа, прогласена за споменик на културното наследство
- Куќа, прогласена за споменик на културното наследство
- Куќа, прогласена за споменик на културното наследство
![]() |
„Цајц“ на Ризницата ? |
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads