Цвеќарство

From Wikipedia, the free encyclopedia

Цвеќарство
Remove ads

Цвеќарство или флорикултура — дисциплина на хортилкултурата која се занимава со одгледување на цветоносни и орнаментални растенија. Цветоносните растенија се одгледуваат ширум светот во простории и надвор. Цвеќарите, за примарна цел го имаат развојот на размножувањето на растенијата, а со тоа и на нови видови.

Thumb
Малопродажба во стаклена градина ги покажува разновидностите на флорикултуралните плантажи
Remove ads

Предмет на проучување

Цвеќарската култура ги вклучува билките со отворен простор, како што се многугодишно растение и двогодишни растенија, собни билки, саксиени билки, сецкан цвет и цвеќе со следечко зеленило. За разлика од расадни производи кои се занимаваат продукција на садници дрвенасти билки (дрва, жбун и лијана), цвеќaрството опфаќа претежно зељести билки, но се занимава и со мали број дрвенасти и полудрвенасти видови кои со својот хабитус, низок раст, раскошни цветови или техники на огдледувања и размножувања се слични на зељестите многугодишни растенија. Такви се на пример розата, која, иако е дрвенаста билка, припаѓа на цвеќарството. Исто така многу билки кои имаат вредност за фармација истовремено се и декоративни (перуника, божур, невен. Билките во сад за ентериер опфаќаат цветнодекоративни и лиснодекоративни билки кои се често дрвенасти билки во тропски и суптропски подрачја како што се фикус, филодендрони, палма. Поединечни поградинарски култури, како зелка, имаат декоративен вид кои се предмет на произведување и примена преку цвеќарството.[1]

Во Македонија цвеќарството се изучава на катедрите за хортикултура и пејсажна архитектура на шумарскиот факултет како и на земјоделскиот факултет.

Remove ads

Технологија на производство

Производството на цветната култура се обавува во стаклена градина со контролирании услови, каде се регулира температура, влага и осветлување, или на отворено, а испорачува во контејнери како репро материјал без сечениот цвет.

Индустријата на сечениот цвет е посебна област на цвеќарството и технологија во овојата област каде опфаќа низа постапки со кои се добива квалитетен и економичен производ со оптимална продуктивност а тоа се размаци на садње, сечење на цветови (пинсирање), фертиригација итн. За овој сегмент на цвеќарството важно е и како да се постигне што поголема трајност на приозводот по берба, како да се складира, чува и пакува, што е предмет на изучување на постхарвест физиологијата.[2]

Некои видови цвеќиња се берат во природа за пазарот на сечено цвеќе, што не е случај само кај нас, туку и во Австралија и САД.

Remove ads

Тренд

Развојот, преку облагородување на билките, и синтеза на нови сорти е главна преокупација на цвеќарството денас. Потреба за нов таксон во цвеќарството е стален. Од извештајот на Европската канцеларија за билни сорти (CPVO -Community plant variety office) за 2008. година се гледа дека во периодот 1999-2008 година е поднесено околу 15.500 барања за регистрација и заштита на сортите на украсните билаки. Само во 2008 година. поднесено е 1631 барање што е убедливо најмногу во споредба со останатите групни билки (полјоделски билки, овошје и зеленчук) и предстаавува 54,2% од свите барања. Розите и хризантема од почетокот на работата CPVO биле најважни таксони на основа на податоците на Канцеларијата, а после тоа пеларгониум, љиљани, гербер и многу други, од година до година.[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads