Роза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Роза[1], ружа[2], трендафил[3] или ѓул[4] (латински Rosa) е растение од родот на дрвенести билки, од фамилијата „Rosaceae“. Розите се одгледуваат заради убавиот мирис на цветовите, така што се создадени бројни хибридни видови рози. Постојат голем број диви рози, чии плодови се богати со витамин Ц. Покрај како украсно цвеќе, розите се користат и во: козметиката, медицината и готварството.

Remove ads
Ботаника
Листовите на розата се наизменично поврзани на стеблото. Кај повеќето видови, листот е долг 5-15 сантиметри. Повеќето рози се листопадни, но постојат и некои видови (најчесто од Југоисточна Азија) кои се зимзелени или речиси зимзелени билки.
Систематика
Според родот, розите се делат на:
- Hulthemia
- Hesperrhodos
- Platyrhodon
- Rosa
- anksianae
- Bracteatae
- Caninae
- Carolinae
- Chinensis
- Gallicanae
- Gymnocarpae
- Laevigatae
- impinellifoliae
- Rosa
- Synstylae
Remove ads
Употреба на розата
Розата во козметиката
Во козметиката, розата најмногу се користи како етерично масло или за мирис (екстракт) кое се додава во парфеми, шампони или разни креми.
Розата во готварството
Во готварството, розата често служи како зачин, но во некои краеви (Бугарија) се прави слатко или џем од роза.
Розата во медицината
Розата (особено дивата роза) се користи за подготовка на чај, а некои состојки од розата се користат за правење лекови.
Розата како тема во уметноста и во популарната култура
Розата како тема во книжевноста
- „Девојката ѝ се жали на розата“ (српски: Дјевојка се тужи ђулу) - српска народна песна.[5]
- „Розата на Парацелзус“ - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.[6]
- „Роза“ — песна на грчката поетеса Рита Буми - Папа.[7]
- „Дива ружа“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[8]
- „Две рози“ - песна на рускиот поет Николај Гумиљов од 1911 година.[9]
- „Старецот и розата“ — песна на македонската поетеса Јованка Денкова.[10]
- „Името на розата“ (италијански: Il nome della rosa) - роман на италијанскиот писател Умберто Еко од 1980 година.[11]
- „Розата на светот“ (англиски: The Rose of the World) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[12]
- „Копачење“ — краток прозен текст на македонскиот писател Блаже Конески од 1974 година.[13]
- „Ружа“ — поетизирана проза на Блаже Конески од 1961 година.[14] [15]
- „Ружа“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[16]
- „Некој чепка по ови рози“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес од 1950 година.[17]
- „Рози за Сапфо“ - песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.[18]
- „Нарцис и розата“ - песна на италијанскиот писател и режисер Пјер Паоло Пазолини.[19]
- „Поезија во облик на роза“ (Poesia in forma di rosa) - поетска збирка на италијанскиот писател Пјер Паоло Пазолини од 1964 година.[20]
- „Роза“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[21]
- „Славеј и роза“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[22]
- „Зелената роза“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 1959-1960 година.[23]
- „Во мугрите дење-ноќе со црвена роза“ - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 2001 година.[24]
- „Ливада со рози“ (чешки: Růžový palouček) — песна на чешкиот поет Јарослав Сајферт.[25]
- „Трендафил“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[26]
Розата како тема во филмот
- „Офицерот со роза“ - југословенски филм на режисерот Дејан Шорак.[27]
Розата како тема во музиката
- „Камени рози“ (англиски: The Stone Roses) - британска рок-група.[28]
- „Отруена роза“ (англиски: Poisoned Rose) - песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[29]
- „Рози во болницата“ (англиски: Roses In The Hospital) — песна на британската рок-група Меник стрит причерс (Manic Street Preachers) од 1993 година.[30]
- „Роза што лази“ (англиски: Ramblin' Rose) - песна на американската рок-група МЦ5 (MC5) од 1969 година.[31]
- „Последната жива роза“ (The Last Living Rose) - песна на британската рок-музичарка ПЈ Харви (PJ Harvey) од 2011 година.[32]
- „Црвени рози за мене“ (англиски: Red Roses For Me) - албум на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[33]
- „Прериска роза“ (англиски: Prairie Rose) - песна на британската рок-група Рокси Мјузик (Roxy Music) од 1974 година.[34]
- „Парада на рози“ (англиски: Rose Parade) - песна на американскиот пејач Елиот Смит (Elliott Smith) од 1997 година.[35]
- „Рози во снегот“ (англиски: Roses In The Snow) - песна од истоимениот албум на американската фолк-музичарка Емилу Харис (Emmylou Harris) од 1980 година.[36]
Розата во македонските народни песни
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads