Цвишенанско Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цвишенанско Езеро (познато и како Цвишенанер Мер; германски: Zwischenahner Meer) — езеро во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Езерото се наоѓа на височина од околу 5 метри и има површина од 5,5 км2. Местото Бад Цвишенан се наоѓа на неговиот јужен брег, по кого е и именувано. Тоа е трето најголемо езеро во Долна Саксонија.
Езерото е длабоко околу 6 метри на најдлабоката точка и има просечна длабочина од околу 3 метри.
Езерото се појавило пред 11.000 години по пропаѓање на солна купола.[1]
Езерото е пловно и поседува редовна фериботска линија, која започнала во 1874 година. Претставува дом на т.н. „бела флота“ (Weiße Flotte) од 1987 година. Трите брода пловат редовно помеѓу различните докови долж езерското крајбрежје. Доковите се наоѓаат во Бад Цвишенан, Роструп и Драјберген.[2]
Езерото го направило Бад Цвишенан омилено туристичко одредиште и градот поседува бројни бањски одморалишта.
Remove ads
Галерија
- Езерото погледнато од воздух
- Ферибот во езерото
- Езерото во зима
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads