Билишта

From Wikipedia, the free encyclopedia

Билишта
Remove ads

Билишта (албански: Bilisht) — град со околу 6,250 луѓе во Областа Горица во југоисточна Албанија. Градот има континентална клима со топли лета и ладни зими. Градот е во близина на македонската и грчката граница.

Кратки факти Билишта Bilisht, Држава ...
Remove ads

Географија

Билишта се наоѓа во областа Девол на околу 30 километри источно од Корча и на неколку километри западно од албанско-грчката граница во подножјето на најзападните делови од планината Корбец над реката Девол.

Историја

Во XVII век турскиот писател Хаџи Калфа во својот опис на Румелија и Босна, за овој град пишува:

„Билишта е кадилак, кој се наоѓа на 12 дена од Цариград. Наоколу се наоѓаат: Кесрие, Горица, Преспа, Хорпиште. Жителите се Македонци и Арнаути.“

Согласно Санстефанскиот мировен договор од 1878 година, Билишта заедно со целата област Девол требало да влезе во границите на Бугарија, но Берлинскиот конгрес го враќа на Отоманското Царство.

Во текот на Илинденското востание, костурските востаници го напаѓаат Билишта, но не успеваат да го заземат.[1]

Кон крајот на XIX век Билишта е мешано албанско-македонско гратче, во кое има и училиште. Според грчката статистика во Билишта живееја 1.000 муслимани и 275 христијани патријаршисти. Според податоците од Бугарската егзархија, во почетокот на XX век во Билишта имало 20 македонски куќи со 106 жители. Пред Балканската војна голем дел од трговијата е во рацете на Македонците, кои во градот имале околу 40 македонски дуќани.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads