Горица (Албанија)
град во Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горица или Корча (албански: Korçë, грчки: Κορυτσά, влашки: Cоrceaо, турски: Görice) — град и општина во истоимената област во рамките на Горичкиот округ во југоисточниот дел на Албанија. Општината е создадена во 2015 г. со спојување на дотогашните општини Дреново, Горица, Лејка (Лекас), Дворани, Булгарец, Високуќи (Виткуќ), Воскоп и Москополе, кои станале општински единици.[1] Според пописот од 2011 г. населението на сегашната општина брои 75.994 жители, а тогашната општина зафаќала 805.99 км2.[2] Според истиот попис, тогашата општина броела 51.152 жители.[3]. Ова е шести град по големина во Албанија. Сместен е на висорамнина на надморска височина од 850 м, обиколена од планината Морава.
Remove ads
Историја
По уништувањето на блискиот град Москополе од Али-паша во 1789 година, трговијата се преселувала во Корча, што довело до економски бум. До 1805 година, популацијата достигнала 1.300 семејства (две третини христијани), со доселеници од Москополе, Шале и Колонја – главно аромани (власи) кои ја формирале христијанската урбана елита. Тие се занимавале со трговија, занаети и земјоделство, додека етничките Албанци се фокусирале на сточарство. Жителите зборувале албански и грчки.
На почетокот на 18 век децата од Корча се образувале во училиштата во ближното Москополе.[4] Првото училиште во Корча, на грчки јазик, било основано во 1724 со поддршка на жителите од блиското село Виткуќ.[4][5] Ова училиште било уништено за време на Грчката војна за независност, но било повторно отворено во 1830. Во 1857 година во градот работело грчко училиште за девојчиња.[6] Во текот на 19 век разни локални добротвори како Јоанис Пангас и Анастас Аврамиди-Лакче донирале пари за промоција на грчкото образование и култура во Корча, кога била изградена и гимназијата Бангас.[7][8]

Централниот комитет за заштита на правата на Албанците основан кон крајот на 1870-те со цел да се промовира развојот на албанската култура, основал машко училиште во градот.[9] Ова училиште основано во 1884 е првото албанско училиште во градот.[9] Негов прв директор бил Пандели Сотири.[10][11] Наим Фрашери, одиграл голема улога во отворањето на училиштето.[12] Кон крајот на 1880-те Ѓерасим Кирјази ја започнал протестантската мисија во градот. Неговата сестра Севасти Кирјази го основала и првото женско училиште на албански јазик во 1891.[13]
Remove ads
Градот денес

Во Горица живее голема влашка заедница, како и бројно македонско население кое говори на својот горички дијалект. а исто така и голем број на православни етнички Албанци. Локалното радио од овој град емитува и програми на македонски јазик наменети за етничките Македонци од тој крај. Од 2010 година во Горица зрачи и локална телевизија (ТВ Кристал) на македонски јазик.[14]
Во Горица било отворено првото училиште на албански јазик во 1887 г., а во 1891 г. било отворено и првото училиште за девојчиња од страна на влашкиот учител Хараламбие Баламачи (подалечен роднина на Константин Белемаче, авторот на влашката химна), кој по отворањето на училиштата за Албанците, отворил и повеќе влашки училишта во Горица.
Во 2000-те е отворено и првото училиште на македонски јазик со поддршка од партијата Македонска алијанса. Од 2015 г. во градот се одржува и македонскиот фолклорен фестивал „Сонце“.
Remove ads
Име
Градот е именуван различно во други јазици: грчки: Κορυτσά, Koritsá; италијански: Coriza; турски: Görice.
Збратимени градови
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads