Центар за култура „Бели мугри“ - Кочани

центар за култура во Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia

Центар за култура „Бели мугри“ - Кочани
Remove ads

Национална установа центар за култура „Бели мугри“културна установа во Кочани. Центарот за култура е главен носител на културни, уметнички и просветни активности во Кочани. Установата е наречена по збирката поезијаБели мугри“ од Кочо Рацин.

Кратки факти НУ Центар за култура „Бели мугри“ - Кочани, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Изградбата на зградата била започната во 1959 година и била завршена во 1961 година.[1][2]

Првично отворените галерии биле покриени со покрив во 1980-тите години.[1]

Во 2016 година се работело на изработка проектот на обновување на зградата, кој бил одобрен од Министерството за култура во март 2017 година.[3] Во август 2018 година, започнало обновувањето на фасадата. Изведувач на работите во оваа фаза било претпријатието „Дрвопром“ од Мородвис, а надзор било „ЗИМ“ АД Скопје.[4] Тој период, обновен бил и покривот. Во 2020 година, првата (надворешна) фаза била завршена.[5] Во 2021 година, започнала преизградбата на гледалиштето во внатрешноста на градбата.[6] Во април 2022 година, била завршена внатрешноста и салата, односно градежните активности биле завршени. На 29 април таа година, киносалата била свечено пуштена со филмотПреекспонирано“ од режисерот Елеонора Венинова.[5][7][8]

Директори на установата

  • Кристина Атанасова-Арсова[3]
  • Александра Димитрова (09.2018[9]-?)
  • Ана Поп Михајлова (в.д.)[5]
Remove ads

Архитектура

Трите главни обликовни единици се издолжениот кубус, големата сала во средишниот дел на градбата и отворените летни галерии заштитени со клаустра на фасадата во страничниот дел на комплексот.[1]

Thumb
Западната страна и клаустрата.

Во предниот дел на градбата е сместен главниот влез и изложбената повеќефункционална галерија на првиот кат. Големата сала ја завзема средишната двовисинска положба во градбата, положба која е нагласена во обликот со контролната кула на сценскиот простор и располага со сместивост од 360 седишта во партер и 78 седишта на балкон. Администрацијата и помошните простории се наоѓаат на страничничните делови од градбата. Како уникатен дел биле отворените (денес покриени) летни покриени галерии на првиот кат кои преку клаустрата по целата должина на градбата се заштитени од директниот поглед, и истовремено се вентилирани.[1]

Thumb
Предната страна на зградата.

Главниот влез на установата ја содржи издадената стаклената фасада која е пред носечката конструкција и со тоа се покажани осумте носечки столбови на истата и потенцирањето на нивната обработка. Покривната конструкција е створена од челични решетки и покрив со мал нагиб над средишниот дел.[1]

Терацото надвладува како најкористен материјал за скоро сите простори. Влезната партија е потенцирана каде се користени големи парчиња мермер со терацо. Изложбениот простор на првиот кат има мермерни подови и дрвена касетирана обработка на плафонот. На столбовите е употребена рафело техниката на имитација на црвен мермер која е од особен квалитет. Подот на големата сала е линолеум додека ѕидовите се обработени со дрвени панели за добивање на удобна акустична просторија.[1]

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads