Центар (населба во Цеље)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Центар (словенечки: Center) ― населба или поточно градски четврт (словенечки: mestna četrt) во гратчето Цеље, Словенија.
Remove ads
Старо градско јадро
Во населбата се наоѓа т.н. Старо градско јадро каде е зачувана стара архитектура. Точки на интерес кои се сместени во средиштето на стариот град се: Цељскиот дом, Железничката станица, Хранилницата, Хотел „Европа“, Позајмувачницата, Словенечкиот народен театар Цеље, Протасиевиот дворец, црквата „Св. Богородица“, Народната куќа, Кнезовиот дворец, Покраинскиот музеј Цеље, Споменик на Богородица на Главниот плоштад, Опатиската црква „Св. Даниела“, Водната кула, Сломшковиот плоштад и др. Цељската куќа била изградена во новиот историски стил на старогерманската готика во 1907 година. Виенскиот архитект Петер Павел Бранга направил планови за претставителна трикатна зграда со аголна кружна кула. Денеска со просториите ги управува Институтот „Целеја Цеље“. Пратасиевиот дворец е доцнобарокна зграда која има сала за венчавки. Народниот дом на Плоштадот на цељските кнезови бил изграден во 1895-96 година. Денеска таа служи како општинска зграда. Кнезовиот дворец (Долен замок, словенечки: Spodnji grad) служела како седиште на цељските грофови во 14 и 15 век. Зградата претрпела најголеми промени за време на владеењето на Марија Тереза. Црквата „Пресвета Богородица“ во рамките на миноритскиот манастир, била изградена на почетокот на XIV век, а денешниот изглед го добила во 1858-80 година. Црквата „Св. Даниела“ е една од најстарите градби во гратчето и станала соборна црква по прогласувањето на епархијата во 2006 година.[1]
Remove ads
Образование
Гимназија „Цеље - Центар“[2]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads