Цер
вид дрво From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цер (латински: Quercus cerris) – вид даб[1]. Церот е високо листопадно дрво.
Remove ads
Распространетост
Церот е јужноевропско и западноазиско дрво. Ареалот му се протега од Шпанија и Франција (каде е редок) на запад, преку Апенинскиот и Балканскиот Полуостров до Мала Азија и Сирија на исток. На север се протега до јужна Швајцарија и Австрија, а најсеверно до Моравија.[2]
Опис
Церот долговечен вид и може да доживее 200 години. Достигнува висина од 30 до 35 метра и дебелина на стеблото од 1,3 м. Рано се развива дебела мртва кора која е темносива, скоро црна, со длабоки надолжни пукнатини црвени на дното и ретки и тесни попречни. Младите гранчиња се влакнести, аглести, зеленикаво сиви.[2][3]
Крошната е густа, темна, со ширококонусен облик. Пупките се доста ситни со бројни ситни, тесни јазичести ливчиња при основата, долги 2 см, карактеристични за церот. Листовите се поединечни, наизменично распоредени. Имаат променлив облик, обично се долги 8-14 см и широки до 8 см, со 7-8 парови засеци или неправилно назабен обод. Пораснатиот лист е нежно кожест, на лице сјаен, со интензивна зелена боја, на опачината посветол и благо влакнест, особено околу нервите. Петелката е долга 0,5-2,5 см. Разлистува нешто подоцна од стежерот, на крајот на април или во текот на мај. Листовите остануваат на гранките до доцна есен.[2][3]
Цветовите се еднополни, машките собрани во долги реси, а женските поединечни во групи по 2-5, на кратки дршки. Цвета истовремено со разлистувањето.[2][3]
Плодот е желад, долг околу 4 см и широк околу 2 см, при врвот малку сплескан, со ситно избраздена површина по должината. До 1/3 или 1/2 е покриен со купулата. Купулата е покриена со кожести стипули (шубареста).[2][3]
- Длабоки пукнатини на кората, црвени на дното
- Карактеристични пупки
- Кожести листови
- Желад со „шубареста" купула
Remove ads
Живеалиште
Церот претежно е ксеротермен вид, приспособен на субмедитеранската и умерено континенталната клима на југоисточна Европа. Најмногу му одговараат подлабоки, доста суви, слабо кисели земјишта. Церот сака светлина. Во висина расте повеќе од плоскачот како и од горунот.[2]
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads