Апенински Полуостров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Апенински Полуостров (италијански: Penisola appenninica) — еден од најголемите полуострови во Европа, кој се протега во должина од околу 1.000 км, од Алпите на север, па сѐ до средишниот дел на Средоземното Море на југ. Го носи името на планинскиот венец Апенини, познат е и по тоа што по својот облик потсеќа на чизма со висока потпетица, и затоа, на италијански, се нарекува уште и Lo Stivale („Чизмичката“). Освен како Апенински, полуостровот е познат и како Италијански Полуостров, Италијанска Чизма или Континентална Италија.

Речиси целиот Полуостров ја опфаќа Италија, вклучително и двете енклави, микродржавите, Сан Марино и Ватикан.
Полуостровот е опкружен со Лигурското Море и Тиренското Море на запад, на југ со Јонското Море и Јадранското на исток. Внатрешноста на Полуостровот се состои од планините Апенини, по кои го носи името, а северниот дел главно е рамнински, додека крајбрежјата се ридски (гребенски).
На Полуостровот се наоѓа Везув[1], единствениот активен вулкан во континентална Европа. Климата[2] е претежно медитеранска (во поголемиот дел од југот), со густо растечки зимзелени грмушки (макија) и мешавина од листопадни и зимзелени шуми.
Remove ads
Држави
На Апенинскиот Полуостров се наоѓаат следниве држави:
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
