Церово (Тетовско)
село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Церово — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 511 жители.
Remove ads
Географија и местоположба
Церово се наоѓа во областа Долни Полог. Селото лежи на западните падини на Сува Гора. Нема села во близина, а најблиско е Групчин.
Историја
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 140 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 43 куќи со 213 жители Албанци.[3]
Население
По Балканските војни е забележано со 163 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 511 жители, од кои 1 Македонец и 510 Албанци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 368 жители, од кои 327 Албанци и 41 лице без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Церово е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Браимлар (11 к.) доселени се од некое село во Дебарско. Нивното потекло е торбешко. Го знаат следното родословие: Шериф (жив на 60 г. во 1940-тите) Шериф-Мустафа-Велија-Браим, кој се доселил во селото.
- Меметалар (9 к.) доселени се од некое село во областа Голо Брдо. И нивното потекло е торбешко. Овде се дојдени во почетокот од XIX век.
- Алкалар (5 к.) доселени се од некое село во Дебарско. Потеклото им е торбешко.
- Голобрѓан (3 к.) доселени се од некое село во областа Голо Брдо. Потеклото им е торбешко. Од старото место најпрво се населиле во гостиварското село Чегране, па од таму во Церово. Овој род тешко се множи.
- Џаферлар (5 к.) доселени се на почетокот од XIX век од некое место во Албанија.
- Асанлар (9 к.) доселени се, но не знаат точно да кажат од каде.
- Асе или Имералар (7 к.) доселени се од местото Хас во северна Албанија
- Чорокане (2 к.) доселени се однекаде од Албанија. Имаат роднини во гостиварското село Чегране.[12]
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2097 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 464 гласачи.[14]
Иселеништво
Од старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае за родовите. Жуљеи иселени се во тетовското село Сиричино. Казовци иселени се во тетовското село Прељубиште. Јесероски исто така во Прељубиште. Големо Милошевци иселени се во тетовското село Туденце.[12]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads